
На 19.12.2017 година, Европската бизнис асоцијација чиј Претседател е Претседателот на УО на Винер – Виена Иншуренс Груп АД Скопје, д-р Нарашанов, организираше прием по повод новогодишните и божиќните празници.
Особено задоволство беше да се види големиот број на претприемачи, бизнисмени и директори кои успеаа да ги разменат идеите за подобрување на бизнисите и генерално бизнис климата, што би резултирало со унапредување на поединечните резултати, а секако и на резултатите на бизнис заедницата во земјава.
Покрај големиот број на компании, на приемот се појавија и вицепремиерот за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев и ЕУ амбасадорот во Македонија г-динот Самуел Жбогар, кои покрај д-р Нарашанов имаа свое обраќање на присутните.
Овој прием беше доволна потврда дека Винер во текот на 2017 година уште повеќе ја зацврсти лидерската позиција во рамки на бизнис заедницата, што претставува поттик за продолжување на yспешната приказна на компанијата со уште подобри резултати и задоволни клиенти.