ДЕНЕС
2015-2016

ВО ВРВОТ НА ОСИГУРИТЕЛНИОТ ПАЗАР

Веќе во првиот квартал од 2015 година, ВИНЕР повторно го забележува своето најуспешно тримесечје, рапидно ширејќи ја својата продажна мрежа и достигнувајќи ја бројката од 75 филијали ширум целата држава. При тоа, компанијата последните неколку години е доминантен пазарен лидер во решавањето на штетите и компанија со убедливо најмал број нерешени штети.

И во новата 2016 ВИНЕР влегува со жестоко темпо, остварувајќи го своето најдобро полугодие во историјата, со полисирана премија од речиси половина милијарда денари, воедно достигнувајќи го пикот на продажни места, со над 80 филијали низ цела Македонија.

2010-2014

ГОДИНИ НА ДИНАМИЧЕН РАЗВОЈ

Така, ВИНЕР - Виена Иншуренс Груп АД ја заврши деловната 2010 со полисирана премија од 376 милиони денари, 2011 со феноменални 530 милиони денари, за сето да го круниса во 2012 со рекордна полисирана премија од 629 милиони денари, со што го оствари најдобриот резултат во својата историја. Во исто време, беше остварен раст на профитот за феноменални 60%. Покрај тоа компанијата и официјално стана лидер во исплата на штетите, забележувајќи убедливо најголем процент на решени штети и најбрза исплата на истите. Со тоа Винер и дефинитво се зацврсти во врвот на македонскиот осигурителен пазар, заземајќи го местото кое по сите критериуми и припаѓа. Континуираниот и стабилен раст на ВИНЕР - Виена Иншуренс Груп АД продолжи и во 2013 година, во која со 675 милиони денари беше надминато рекордното остварување од претходнатра година, додека во 2014 година, само во месец јануари беше остварена премија од 140 милиони денари, која на крајот од кварталот изнесуваше рекордни 300 милиони денари. Таа година ВИНЕР - Виена Иншуренс Груп АД ја заврши со рекордна премија од над 700 милиони денари.

2009

НОВИ СТАНДАРДИ

Со тоа Друштвото станува дел од моќната осигурителна групација – Виена Иншурeнс Груп, која е доминантна осигурителна групација во Централна и Источна Европа. Истовремено со промените во сопственичката структура се случува и целосно ребрендирање на Друштвото, со што симболично се затвори еден циклус и се влезе во сосема нова ера со ново име – ВИНЕР - Виена Иншуренс Груп АД.

ВИНЕР - Виена Иншуренс Груп АД веднаш почнува со им­плементација на највисоките деловни стандарди и принципи. Главно обележје на компани­јата станува беспрекорната услуга на клиентите, која заедно со супериорното реосигурување оценето со А+ според S&P Стандардите, се најголемиот мотив на се` повеќе клиенти кои решаваат да ги искористат привилегиите на оваа нова деловна филозофија. Резултат на зголемената доверба која ВИНЕР - Виена Иншуренс Груп АД ја ужива на пазарот се константниот раст и стабилното зголемување на премијата и пазарниот удел.

2008

НОВА ЕНЕРГИЈА

Преку својот нов начин на работа, заснован на чесност, посветеност, знаење и ефикасност, компанијата со неверојатна брзина успева да создаваде значаен профит и да покаже евидентен деловен потенцијал, уште во истата година кога се случува реорганизацијата. Прогресот продолжува и во 2009 година и компанијата веќе почнува да се наметнува како сериозен потенцијал на македонскиот осигурителен пазар. Тоа не поминува незабележано, и во мај 2009 година реномираната австриска осигурителна корпорација Wiener Stadtische Versicherung AG Vienna купува 100% од акциите на компанијата.

ПОЧЕТОЦИТЕ

Винер настанува на темелите на осигурителната компанија Сигма АД, Скопје, која втората половина на 2007 година влегува во стратешко партнерство со финансиската корпорација TBIH, која е во доминантна сопственост на Wiener Stadtische. Ова резултира со комплетна промена на менаџментот на компанијата на почетокот на 2008 година, со што започнува целосна структурна реорганизација насочена кон подобрување на сите сегменти на компанијата.

2007
TOP