Долгогодишни континуирани позитивни резултати, препознатливост на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД како лидер на осигурителниот пазар, висок степен на професионалност на менаџментот, одржување на ниво на професионална култура на вработените со фокус на посветеност на клиентот и генерирање на резултати, беа силен мотив Надзорниот одбор на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД повторно да ја даде довербата на сегашните членови на Управниот одбор на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД.
Реизборот на членовите на Управниот одбор е потврден и со согласност од Агенцијата за супервизија на осигурување за период од четири години.
Како главен двигател на постигнувањата на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД, Управниот одбор на Друштвото ги истакнува лојалноста, чесноста, посветеноста и беспрекорната услуга од вработените и менаџерскиот тим насочена кон клиентите, кои се секогаш во фокусот на работењето на Друштвото.
Управниот одбор на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД наведе дека долгорочен одржлив раст и развој на Друштвото е возможен само преку напорна работа, посветеност кон клиентот, развој на производите и остварување на позитивни резултати кои остануваат главна и крајна цел во работењето.