АВТОМОБИЛСКА ОДГОВОРНОСТ

Осигурувањето од автомобилска одговорност е законски задолжително за сите возила регистрирани за сообраќај. Со овој тип на осигурување се осигурува одговорноста на сопственикот, односно корисникот на моторното возило за штетите нанесени на трети лица со користење на возилото. Склучувајќи договор за осигурување од автоодговорност со Винер Осигурување, нашата компанија наместо Вас ќе ги надомести сите материјални и нематеријални штети кои ќе ги нанесете на трети лица, поради сопствена грешка, со што сте заштитени од сите потенцијални ненамерни грешки.

Предмет на осигурувањето од автоодговорност можат да бидат и патниците во возилото со кое управувате, како и стаклата на истото.

За да изработиме полиса потребни ни се податоците од сообраќајната дозвола на возилото, доколку нема промена во сопственоста. За возило кое е купено на ново или половно, или пак увезено, потребен е купопродажен договор, фактура или хомологација.

Цената на полисата за автоодговорност зависи од силината на моторот кај патничките и од носивоста во тони кај товарните возила, како и од Вашиот избор дали дополнително ќе ги осигурате патниците и стаклата во автомобилот. На осигуреникот му следува попуст (бонус) за секоја година во која со возилото не бил причинител на штета.

A. Кога штетата се пријавува врз основа на Европски извештај

  • Пријава на штета/барање за надомест на штета
  • Целосно пополнет Европски записник и потпишан од страна на оштетениот и причинителот
  • Фотокопија од возачка дозвола од причинителот и оштетениот
  • Фотокопија од сообраќајна дозвола на причинителот и оштетениот
  • Осигурително покритие на полисите од причинителот и оштетениот (фотокопии од полисите)
  • Трансакциска сметка од оштетениот / жиро сметка за правни лица (материјален доказ)
  • Комисики записник-документ за проценка на штета потпишан од оштетениот и од проценителот
  • Слики од реконструкција на оштетените возила
  • Изјави од двајцата учесници за начин на случување на незгодата
  • Изјава за функционер
  • Документи за поправено возило – фактура

 

Б. Кога штетата се пријавува врз основа на полициски записник

  • Пријава на штета/барање за надомест на штета
  • Полициски записник и скица од увид- задолжително
  • Фотокопија од сообраќајна дозвола
  • Фотокопија од возачка дозвола
  • Трансакциска сметка од оштетениот (материјален доказ)
  • Жиро сметка за правни лица како оштетен
  • Осигурително покритие на полисата
  • Комисиски записник-документ за процена на оштетувањата потпишан од проценителот и од оштетениот,
  • Слики од оштетеното возило
  • Изјава за функционер
  • Документација за поправено возило – фактури.

МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА И:

TOP