ВИЕНА ИНШУРЕНС ГРУП

Групацијата функционира во централна и источна Европа (СЕЕ) повеќе од 25 години и е една од водечките осигурителни Групации во регионот. Виена Иншуренс Груп оствари повеќе од 9 милијарда евра премија во 2015 година, станувајќи повторно број еден на својот основен пазар. Со околу 23.000 вработени и 50 компании – членки во 25 држави, Виена Иншуренс Груп нуди обемно портфолио наменето за клиентите со производи и услуги од сите сфери на бизнисот (имотно и нематеријално, здравствено и животно осигурување).

 

Проширување кон централна и источна Европа

Почетоците на Виена Иншуренс Груп за прв пат се евидентирани во Австрија, 1824 година. Уште од тогаш, компанијата се развива од локален Осигурувач до водечка меѓународна осигурителна Групација. Wiener Städtishe го постави курсот за меѓународна експанзија. Во 1990 година, Групацијата стана една од првите западно-европски осигурителни компании која го препозна растечкиот потенцијал во централна и источна Европа, проширувајќи се кон пазарот на поранешна Чехословачка. Во наредните 25 години следуваат дополнителни проширувања со земји како: Унгарија (1996), Полска (1998), Хрватска (1999) и Романија (2001). Со проширувањето на пазарот во Молдавија во 2014 година, Виена Иншуренс Груп моментално функционира во вкупно 25 држави.

Број 1 на својот основен пазар

Во основниот пазар на ВИГ спаѓаат: Австрија, Чешка Република, Словачка, Полска, Романија, Бугарија, Хрватска, Унгарија, Србија и Украина. Со удел на пазарот со повеќе од 18% ја прави Групацијата да биде број еден Осигурувач во оваа група на држави.

Стратешката одлука  донесена во 1990 година за проширување кон Централна и Источна Европа се покажа како многу успешна. Во 2015 година повеќе од 9 милијарди евра – што е повеќе од половина од вкупната премија на ВИГ прозилегува од пазарот на централно-источна Европа (СЕЕ). Групацијата ВИГ е убедена дека економскиот раст на регионот, како и на побарувачката за осигурување, ќе продолжи да расте.

Важноста на централно-источниот регион како растечки пазар за Групацијата ВИГ се покажува и со одлуката да се отвори главно претставништво на реосигурителната компанија ВИГ Ре (основана во 2008 година) во Чешката Република.

Близу до клиентите – адут на Виена Иншуренс Груп на 25 пазари

Успехот на ВИГ првенствено се базира на локалното претприемништво и блискоста со клиентите. Ова се рефлектира во регионалните врски, стратегијата за мулти-бренд, како и широкиот спектар на дистрибутивни канали кои се користат. Групацијата донесе совесна одлука со која се потпира на регионално основаните брендови – обединети под капата на Виена Иншуренс Груп. Успехот на ВИГ како корпоративна Групација е исто така поради индивидуалните постигнувања на овие брендови и локалните експерти од околу 50 компании-членки на Групацијата.

ВИГ 2018

Клучот за успехот на Групацијата е во нејзината основна дејност

Активностите на ВИГ се очигледно насочени кон основната дејност – осигурителниот бизнис. Функционира како прогресивен Осигурувач – свесен за високиот ризик. Доверба, сигурност и солидарност се квалитетите кои што носат бенефиции на Групацијата не само со односот кон клиентите, туку и кон бизнис партнерите, вработените и акционерите. Вредностите кои се негуваат како искреност, интегритет, разновидност, еднакви можности и ориентираност кон клиентелата – ја формираат основата на бизнис одлуките на Виена Иншуренс Груп.

Ефектот од овој основен пристап е прикажан во неговата стратегија за постојан раст во континуитет, како и за неговата одлична кредитна способност. Развојот на ВИГ е потврден и од страна на меѓународната агенција за мерење на рејтингот Standard & Poor’s, кои ја наградуваат ВИГ со рејтинг од А+ за стабилноста која ја одржува со години. Како резултат, ВИГ го има најдобриот рејтинг од сите компании во АТХ – водечкиот индекс на Виенската берза.

ВИГ и Ерсте Груп: Силен тим

Групацијата Ерсте е тесно поврзана со Австија и е една од водечките банкарски групации во централна и источна Европа. Групациите ВИГ и Ерсте склучија стратешко партнерство во 2008 година што придонесува за двете компании во регионот. Канцелариите на Групацијата Ерсте ги дистрибутираат услугите за осигурување на ВИГ додека за возрат компаниите на ВИГ групацијата ги нудат банкарските услуги на Ерсте групацијата.

Стабилна дивидендна политика на Групацијата

Уште од октомври 1994 година, ВИГ е на листата на најдобри компании вклучени во Prime Market – дел од виенската берза. Компанијата има атрактивна политика за дивидендата што им дозволува на акционерите барем најмалку 30% од профитот на Групацијата (по оданочување и камата).

Во февруари 2008, Групацијата се најде и на листата од берзанската размена во Прага што уште еднаш ја потврдува големата важност на економската зона во централно – источниот дел на Европа за Групацијата ВИГ. Како и во Виена, Виена Иншуренс Груп исто така е една од највисоко рангираните компании на берзанскиот маркет во Прага.

Околу 70% од акциите на ВИГ се во сопственост на главниот акционер – Wiener Städtische Versicherungsverein. Преостанатите се слободни акции.

Атрактивен работодавач во Австрија, централна и источна Европа

Како дополнување на тоа што е број 1 за обезбедување на осигурителни услуги, ВИГ исто така цели да биде и број 1 избор како работодавач и да ги привлече најталентираните и најспособните вработени. Идентификацијата и развојот на индивидуалните вештини на вработените се главен приоритет во современиот оддел за Човекови ресурси во компанијата. Разновидноста се смета како можност и е дел од секојдневниот живот во ВИГ. Групацијата исто така посветува големо внимание на создавање работна околина што ќе го поттикне развојот на своите вработени.

 

Повеќе информации за Виена Иншуренс Груп се достапни на www.vig.com или во Годишниот извештај на ВИГ групацијата.

ВИЕНА ИНШУРЕНС ГРУП

ВИНЕР ШТЕДИШЕ ВЕРЗИХЕРУНГ

TOP