Изминатите две недели, околу 500 деца на вработените од компаниите под закрила на Виена Иншуренс Груп, се дружеа, се забавуваа и посетуваа работилници во рамки на веќе традиционалниот ВИГ Камп за деца кој се оддржува во Виена и околината.
Дечињата поминаа 2 недели, преполни со организирани активности во четирите кампа – во кампот во градот, во кампот на село, во кампот на планина и во кампот на езеро. Беа организирани прошетки, спортски активности и забавни игри и натпревари. Како и секоја година, и оваа, меѓу активностите имаше и такви поврзани со општествена одговорност, со цел децата уште од најмала возраст да се запознаат со важноста на солидарноста и посветеноста кон активности за подобрување на општествените услови за сите категории граѓани.
Па така, децата од Македонија, заедно со врсниците од Албанија и Романија имаа можност да им го разубават денот на старите лица од домот Колпингхаус, кој се наоѓа во Леополдштад дистриктот во Виена. Тие подготвија настапи со ииграње, песни, магионичарски трикови и композици изведени на пијано.
За прв пат оваа година, беше одржана и работилница за фотографија, а дечињата имаа можност да направат сопствени фотографии на тема „Мир во светот“ кои ќе бидат испратени на познатиот конкурс за фотографија – Alfred Fried Photography Award, со што фотографиите направени на кампот влегуваат во конкуренција за освојување награда вредна 1.000 евра.
Инаку, учесниците на Детскиот камп секоја година се избираат помеѓу децата на вработените во компаниите под закрила на Виена Иншуренс Груп, кои имаат помеѓу 9 и 13 години. За да се стекнат со право на учество, децата треба да достават цртеж на однапред дефинирана тема, па потоа жири комисија избира 500 најдобри цртежи и нивните автори се поканети на двонеделниот камп за деца во Виена.
Овогодинешните активности можете да ги видите на вебстраницата – https://www.vigkidscamp.com/