Околу 500 деца од 23 различни европски земји се вратија дома со импресии од незаборавните две недели учествувајќи во разновидните програми на 10от по ред Детски камп, што Виена Иншуренс Груп традиционално го организира за дечињата на своите вработени. Низ многу спортски активности, забава и игри најмладите стекнаа нови пријатели и се дружеа во четирите кампови лоцирани во Стреберсдорф во Виена, Вагрејн во Салцбург, Сибоден во Каринтија и Марија-Ланковиц во Стирија.
Убавините на Австрија и нејзината култура дечињата ги искусија преку разновидни стимулативни активности кои вклучуваа пешачење по планини и глечери, откривање на солените и сталактитни пештери и посета на пензионерски домови каде тие им ги разубавија деновите на старите лица, но и истовремено се едуцираа за Австриската култура и историја.
На огромна радост, дечињата ги покажаа и своите таленти и интереси на организираното талент шоу на кое победи нашиот Михаил Анакиев од Виница, воодушевувајќи ги сите присутни со својата пијано изведба.
Ова беа незаборавни денови за сите дечиња кои се во исчекување на следното заедничко дружење.
И оваа година децата на вработените на ВИГ, на возраст помеѓу 9 и 13 години, беа поканети да учествуваат со своја фотографија на конкурсот „Фотографија на мирот“, а најкреативните записи беа наградени со покана за учество на Детскиот камп. Истовремено, со своите фотографии дечињата конкурираа и на Alfred Fried Photography Award, за годишната награда „ Детска фотографија на мирот“ во износ од 1000 еур.