
Пред неполни две недели беше одржан дводневниот Самит на менаџери на ВИГ во Виена, Австрија, на кој присуствуваа членовите на Управниот Одбор на Винер како компанија која иако е мала во споредба со останатите во групацијата, е навистина почитувана поради извонредните резултати кои ги остварува.
На конференцијата која се одржа во историската зграда позната како куќа на домовите на Долна Австрија, палатата Niederösterreich, беше дискутирано и беа опфатени значајни елементи од аспект на стратешките предизвици со фокус на авто бизнисот, менување на искуството на клиентите, планирањето и VIG Excelerate натпреварот.
Гала вечерта пак која ѝ претходеше на конференцијата се одржа во Weltmuseum Wien, познат како најголем антрополошки музеј во Австрија со повеќе од 400.000 етнографски и археолошки предмети од Азија, Африка, Океанија и Америка, основан во 1876 година, а лоциран во едно од крилјата на Кралската палата Хофбург.
Овој настан е од големо значење за сите членки на ВИГ.