
Поставени нови стандарди во обработката и исплатата на штети на домашниот осигурителен пазар.
Водејќи се од важноста на навремена, брза и реална исплата на штети, како и од нашата мисија да бидеме пример за стандардите на стручност, професионалност и етичност на пазарот, горди сме што сме лидери во ефикасноста на обработка и исплата на штети настанати од пожар и други опасности и што воведуваме нови стандарди на домашниот осигурителен пазар.
Од крајот на 2017 година, воведовме нов систем во решавањето на штети во кој на нашите клиенти им обезбедивме целосна обработка на нивните побарувања во рок од 24 часа по пријава на штетата.
Процесот на пријава не е променет, односно по настанокот на осигурениот случај клиентите можат да ја пријават штетата во најблиската филијала на ВИНЕР, по пат на телефонскиот број 15-999 или преку електронска пошта.
Клиентите треба да пополнат формулар во кој целосно ќе ја опишат ситуацијата која довела до настанот и да ја приложат целосната документација со која располагаат за истиот.
По пријавата, во текот на денот, а најдоцна следниот работен ден, тим составен од искусни и вредни стручни лица врши процена и собирање податоци за настанот.
Потоа, се врши калкулација на висината на трошоците за санација и отстранување на штетата, а по прифаќање на истата се извршува исплата.
Сето наведено се одвива во рок од 24 часа кога клиентот ја доставува цела потребна документација или до обезбедувањена целосната потребна документација за штетниот настан.
Брзото решавање на штети се одвива и кај штетни настани од поголеми размери за што ке ви посочиме два последни примери за штети настанати од пожар:
За нашата посветеност и енергичност во решавањето на штетите и последиците од пожар и други опасности дозволете да Ви посочиме два примера од почетокот на воведувањето на новиот стандард.
Градежен факултет – Скопје
Датум на пријава: 04.12.2017
Спогодба за надомест на штета: 07.12.2017
Пожар во центарот на градот на објект Градежен факултет.
Поради непристапниот терен возилата на Противпожарната бригада, иако навреме интервенирале, тешко се пробиваат до местото на настанот и пожарот е од поголеми размери. Зафатени од пожарот се последниот кат и покривот на објектот. Од гасењето е предизвикана дополнителна материјална штета со поплавување на долните спратови.
Семејна куќа во Скопје
Датум на пријава: 01.02.2018
Спогодба за надомест на штета: 06.02.2018
Семејна барака со надградба во населба во Скопје.
Пожарот избувнал навечер поради дефект во електрична инсталација. Бидејки се работи за барака пожарот е раширен многу брзо и настаната е тотална штета на целата куќа.
За воведувањето на новиот стандард при работењето, членот на Управниот одбор, м-р Дејан Михајлов изјави „На нашите клиенти во моментите на несигурност сакаме да им обезбедиме доверлив партнер кој во најкус рок ќе им ги реши оштетните побарувања без разлика на комплексноста на материјата и согласно условите на осигурување.
ВИНЕР прв на пазарот ја препозна важноста на брзата и реална исплата на штети на осигурениците. Нашата долгогодишна пракса да ги сослушаме и препознаеме барањата и потребите на луѓето повторно резултираше со унапредување на работењето, а сè со цел на задоволни и спокојни клиенти. Имањето полиса во Винер осигурување значи транспарентност, безбедност и брз и професионален процес на решавања на побарувањата.“.