Винер Осигурување со речиси 50% зголемен профит во првиот квартал од 2017

by / / настани и новости

Акционерското друштво за осигурување Винер – Виена Иншуренс Груп информираше дека по фантастичната 2016 година во која забележале рекордни 800 милиони денари полисирана премија, компанијата продолжува со одлични остварувања и во 2017 година. По сумирањето на деловните резултати од Q1 од оваа деловна година, од Винер соопштија дека ја зголемиле профитабилноста за речиси 50% споредено со првиот квартал од минатата година.

Со ова, продолжува континуираниот раст на компанијата, која од година во година остврува раст во сите сегменти на работењето. Од појавата на брендот Винер и влегувањето на Виена Иншуренс Груп на домашниот осигурителен пазар, компанијата успеа да ги зголеми приходите дури за 4 пати, а забележа и повеќекратен пораст на бројот на вработени, како и бројот на продажни места кој достигна над 80.

„Нашиот континуиран и стабилен раст е производ на постојаното вложување во регрутација на експерти од областа на осигурувањето на кои им овозможуваме најдобри услови за работа и напреден систем на награди и бонуси. Истовремено, максимално сме посветени на обука и развој на млади талентирани кадри за кои вратите на нашата компанија се постојано отворени. Паралелно со овие процеси, засилено работевме да ги приближиме нашите услуги на граѓаните преку внимателно избрани локации и беспрекорна услуга, кои денес ги има во секој град во државата“ – изјави Генералниот директор на Винер, г-дин Зоран Нарашанов.

Инаку, Винер Осигурување за прв пат се појави на осигурителниот пазар во 2008 година, како прва компанија во сопственост на најмоќната осигуителна групација во Централна и Источна Европа – Виена Иншуренс Груп. Винер стана препознатлив на пазарот по брзата услуга на клиентите, динамичното решавање и исплаќање на штетите, како и по подароците со секоја извадена полиса. Компанијата лани ја исплати и најголемата единечна штета во историјата на македонското осигурување.

  • Pin It
TOP