ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Правото на приватност и заштитата на личните податоци на клиентите претставува врвен приоритет на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје.

Како членка на Групацијата Виена Иншуренс Груп, ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД  Скопје (Друштвото) посветува особено внимание на заштитата на личните податоци во секој сегмент на деловните процеси преку имплементација на стандардите утврдени со законските и подзаконските прописи за заштита на личните податоци во Република Македонија и стандардите кои се утврдени во рамките на Групацијата Виена Иншуренс Груп.

Оваа Политика на приватност е подготвена како промоција на имплементираниот концепт за заштита на приватноста во  ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје, а со цел да се појасни начинот на кој се врши обработката на Вашите лични податоци  при посетата/ регистрацијата како и on-line купување на полиси за осигурување на нашата интернет страница  www.winner.mk

Оваа Политика на приватност се однесува единствено за заштитата на приватноста на личните податоци при посетата/ регистрацијата како и on-line купување на полиси за осигурување на интернет страницата ( во понатамошниот тект – страницата) и не се однесува за личните податоци што се собираат на други начини ниту на Вашата посета на другите интернет страници до кои пристапувате преку нашата страница.

Од аспект на заштита на обработката на личните податоци, Друштвото е Контролор на лични податоци, а субјекти на лични податоци се сите клиенти при посета/регистрација на нашата веб-страницата на која е достапна и услугата за on line продажба на полиси за осигурување.

 

Собирање и обработка на Вашите личните податоци  

При посетата на страницата, Друштвото ги обработува Вашите лични податоци (лични податоци за идентификација и контакт информации), само доколку доброволно со Ваша согласност ги дадете преку регистрирање на нашата страница, со цел користење на нашите услуги и производи.

Друштвото ги собира, чува и обработува личните и други податоци, преку користење на веб сајтот со регистрацијата за on-line купување на полиси за осигурување на интернет страницата, преку кои се врши лична идентификација на клиентот. Категориите на лични податоци кои клиентот ќе треба да ги внесе при процесот на договарање на осигурувањето односно при процесот на добивање on line полиса за осигувување и рокот за нивно чување се детално утврдени во  Услови, правила и упатство за користење): Оваа политика се однесува на начинот на кој Друштвото ги собира, чува и обработува личните и други податоци, преку користење на веб сајтот при посетата/ регистрацијата како и on-line купување на полиси за осигурување на интернет страницата.

При посета на веб сајтот секој корисник пристапува со одредена ИП адреса која е различна за секој компјутер и се доделува од страна на интернет провајдерите. Друштвото не собира лични податоци за корисниците/посетителите на веб сајтот (освен ИП адресата), освен доколку испратат електронска порака во која доброволно ќе наведат свои лични податоци (име, презиме, контакт информации).

Имајќи ја во предвид основната дејност на Друштвото, користењето на страницата не е дозволено за лица помлади од 18 години.

Во одредени случаи исто така се запишуваат информации во форма на „Cookies“ на Вашиот компјутер.

„Cookies“ се мали датотеки кои се внесуваат во компјутерот на посетителот од страна на web серверот. Сите информации кои се меморираат во рамките на „Cookies“ можат да се користат само за потребите на web услугата и тоа на начин  кој нема да ја загрози Вашата приватност. Политиката за „Cookies“  е достапна на winner.mk/cookies

.

 

Цели за кои се користат собраните лични податоци  

  • Да  ја обезбедиме бараната услуга, односно on line купување на полиси за осигурување  при што се  идентификува корисникот;
  • Да обезбедиме известување за промена на условите и тарифите, воведување на нов вид продукти за клиентите;
  • Да се обезбеди мислење од клиентите во врска со on line продажбата, видовите на осигурување кои ги нуди Друштвото и евентуално за спроведување на анкети, преку поставени прашања до клиентите;
  • Да се  олеснат и проследат пребарувањата на клиентите и барањата за информации при јавување од страна на клиентите во врска со видовите на осигурување;
  •  Реализација на наградни игри и други промотивни понуди;
  • Да се  разгледа можноста за  евентуални  вработувања  доколку клиентите се обратат или аплицираат за работа преку веб-страницата на Друштвото;
  • Помош при појава на  проблем при користењето на производите и услугите,
  • Прикажување на персонализирани содржини и промотивни материјали (реклами) соодветно на интересите на клиентите, врз основа на нивна  изречна согласност

Секогаш кога ќе ја посетите нашата страница, нашиот web сервер привремено го регистрира Вашиот домен и IP адресата на работната единица заедно со уште неколку технички податоци во врска со посетата на страницата како што е активноста  на хардверот, грешки и сл.

 

Дополнително собраните податоци се користат за:

  • Да се создаде анонимна, групна статистика за користењето на нашата веб-страницата, производи, услуги;
  • Да се подобрат постоечките и создадат нови производи и услуги, препораки, реклами и други комуникации;
  • За поддршка за корисници во случај на проблем при користењето на производите и услугите.

Кога се регистрирате онлајн, посебно кога е потребен пренос на строго доверливи информации, Друштвото го заштитува протокот на Вашите лични податоци преку мрежата со HTTPS протоколот за заштита на информации.

Во случај на електронско плаќање за on line полиса за осигурување, ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје нема пристап до податоците во врска со Вашата платежна картичка или сметка во банка, бидејќи тие директно се испраќаат до платежниот процесор на банката преку сигурносна врска помеѓу клиентот и банката, која собирањето, чувањето и обработката на личните податоци на клиентите ја врши согласно законските прописи за заштита на личните податоци во Република Македонија и своите интерни акти со тоа што личните податоци на клиентите не ги задржува, споделува чува или користи за други цели освен за наплата на осигурената премија. Личните податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која истите се собрани. Обработката на Вашите лични податоци за друга цел, може да се врши единствено врз основа на Ваша предходна согласност.

Споделување на Вашите лични податоци со други физички и правни лица, органи на државна власт или други тела

Сите вработени во ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје се обучени да обезбедат целосна заштита и тајност при ракување и обработка на Вашите лични податоци. Вашите лични податоци нема да бидат споделувани со други физички и правни лица, органи на државна власт или други тела, освен во со закон утврдени случаи. Друштвото не врши пренос на лични податоци надвор од територијата на Република Македонија.

 

Доверливост и безбедност

Пристапот до Вашите лични податоци во Друштвото  е ограничен на оние вработени за кои сметаме дека имаат реална потреба да дојдат во контакт со тие податоци со цел да Ви овозможат да ги добиете бараните услуги или производи. 

Заштита и сигурност

ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје ги превзема сите технички и организациски мерки за обезбедување на највисоко ниво на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага, заради спечување неовластен пристап, неовластено откривање или евентуална злоупотреба на истите.

Сигурносните процедури на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје се предмет на редовни контроли.

Промена на Политиката за приватност

ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје го задржува правото да врши измени и дополнувања на оваа Политика за приватност, за кои измени и дополнувања ќе биде поставено извесување на нашиот сајт  https://winner.mk

 

 Прифаќање на условите

Со користењето на интернет страницата на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје Вие како корисници се согласувате со одредбите од оваа Политика за приватност. Доколку не се согласувате, Ве молиме да не ја користите интернет страницата. Континуираното користење на интернет страницата од Ваша страна следејќи ги измените и дополнувањата на оваа Политика за приватност се смета за Ваше прифаќање на истите.

 

Вашите права

Како корисник на нашата интернет страница, имате право врз основа на писмено барање упатено на надреса Бул.Борис Трајковски број 62, Скопје или барање преку  електронската адреса:  winner@winner.mк

  • да бидете информирани кои лични податоци се обработуваат за Вас и кои се целите и правната основа на нивната обработка и/или
  • да пристапите до Вашите лични податоци и
  • да ги дополните, измените, избришете или да побарате запирање на нивната понатамошна обработка
  • да ги промените Вашите преференци за вршење на директен маркетинг во кое било време преку пристап до веб страницата на Друштвото преку опцијата opt-in/opt-out.

 

Контакт

Доколку имате прашања или предлози од областа на заштитата на личните подаотци, можете да не контактирате на следната електронска адреса:  winner@winner.mk или да контактитрате со Офицерот за заштита на личните податоци на Друштвото на: + 389 (0)2 32 31 631 лок.153.

Електронската адреса од која ќе не контактирате и останатите лични податоци, како и целата содржина на Вашите барања или предлози, нема да бидат користени за ниту една друга цел освен за одговориме на Вашето барање, прашање односно предлог упатен до нас.

 

Почитувани кленти Ви благодариме за посетата на нашата интернет страница.

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КЛИЕНТИТЕ НА АКЦИОНЕРСКОТО ДРУШТВО ВИНЕР - ВИЕНА ИНШУРЕНС ГРУП СКОПЈЕ

 

  1. Идентитет и контакт на податоците на Контролорот:

Назив:  Акционерско друштво за осигурување ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје (ВИНЕР)

Седиште: Бул. Борис Трајковски бр.62

Електронска адреса: winner@winner.mk

  1. Контакт податоци за офицерот за заштита на личните податоци:

Име и презиме: Наташа Неделковска

Електронска адреса: natasha.nedelkоvska@winner.mk

Телефон: 078/489 936

 

  1. Која е нашата визија?

ВИНЕР како контролор на лични податоци, целосно ја заслужува Вашата доверба бидејќи посветува големо внимание на почитување на приватноста и заштитата на личните податоци. Во своето работење, ВИНЕР ги имплементира меѓународните и националните стандарди за заштита на личните податоци и гарантира дека ќе ги заштитува Вашите лични податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци (во натамошниот текст: ЗЗЛП), подзаконските акти на Агенцијата за заштита на личните податоци и интерните акти.

  1. Кои се начелата на заштита на лични податоци?

Вработените и ангажираните лица кои вршат обработка на лични податоци во ВИНЕР, имаат обврска да ги почитуваат начелата за заштита на личните податоци, и тоа:

Законит, фер и транспарентен начин на обработка на личните податоци

Личните податоци се собираат и обработуваат исклучиво за целите дефинирани во релевантен закон, договор или согласност: Закон за супервизија на осигурување, Закон за доброволно здравствено осигурување, Закон за задолжително осигурување во сообраќајот, Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, Закон за облигационите односи, договор за осигурување (полиса), како и согласност за обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг.

Ограничување на целта на обработката на личните податоци

Личните податоци кои се обработуваат за горенаведените цели не се предмет на натамошна обработка, за цели различни од првично дефинираните. Секоја потреба за нивно натамошно обработување ќе биде предмет на анализа и проценка на влијанието на обработката врз приватноста на клиентите на кои тие лични податоци се однесуваат.

Ограничување на обемот на личните податоци

Обработката на личните податоци е ограничена само на оние податоци кои се неопходни за да се исполни целта на обработката. Обемот на личните податоци кои се потребни за исполнување на целите е дефиниран со законите согласно кои личните податоци се обработуваат, договорите, интерните акти (политиките и процедурите) на ВИНЕР, како и во рамки на согласноста дадена од страна на клиентите за обработка на нивните лични податоци за цели на директен маркетинг.

Доколку се појави потреба за обработка на дополнителни податоци, ВИНЕР ќе го информира клиентот на лични податоци и онаму каде што е неопходно ќе ја побара неговата согласност за таа дополнителна обработка.

Точност на личните податоци

Давањето на вистински, точни и целосни податоци, како и благовремено известување за  измените на личните податоци е законска и договорна обврска на клиентите и истото претставува неопходен услов за склучување на договорите за осигурување (полиси),  како и за исполнување на правата и обврските што произлегуваат од договорите за осигурување, при оценување на осигурителното покритие и степенот на оштета.  Неточни нецелосни податоци може да има за последица неможност за склучување на договорите за осигурување (полиси),  несоодветно оценување на осигурително покритие или степен на оштета или пак неисполнување на обврските од договорот за осигурување.

ВИНЕР планира и спроведува разумни мерки за потврдување на точноста, исправка и/или бришење на неточните или некомплетните лични податоци. Покрај мерките кои ги презема ВИНЕР, секој клиент има право да побара исправка, измена или бришење на неговите лични податоци на лесен и едноставен начин. ВИНЕР има должност да: направи исправка на личните податоци во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето за исправка или од денот кога е констатирана неточност на личните податоци; да ги избрише податоците за кои клиентот барал бришење во рок од 30 дена од поднесувањето на барањето.

Ограничување на роковите на обработка на личните податоци

Личните податоци се чуваат согласно роковите дефинирани во релевантен закон, договор или согласност: Закон за супервизија на осигурување, Закон за доброволно здравствено осигурување, Закон за задолжително осигурување во сообраќајот, Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, Закон за облигационите односи, договор за осигурување (полиса), како и согласност за обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг

По изминувањето на роковите или по исполнување на целта за обработката, личните податоци се бришат од соодветната збирка.

 

Интегритет и доверливост на личните податоци

ВИНЕР презема соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци од неовластен пристап, незаконско откривање и уништување на податоците. Пристапот до личните податоци е ограничен на лицата на кои им е издадено посебно овластување за обработка на лични податоци. Деталниот опис на технички и организациски мерки за обезбедување на безбедност на личните податоци на ВИНЕР е прикажан во Политиката со опис на техничките и организациските мерки на информацискиот систем на ВИНЕР.

Отчетност

ВИНЕР ја демонстрира усогласеноста со сите претходно наведени начела согласно новото начело на отчетност. Имено, ВИНЕР обезбедува докази и демонстрира дека се преземени сите потребни мерки за спроведување на начелата во пракса, односно дека има капацитет да ги исполнува законските барања.

  1. Кои се целите за обработка на Вашите лични податоци?

ВИНЕР ја почитува Вашата приватност и ги собира, обработува и чува личните податоци законито, транспарентно и правично, а притоа, обработката е ограничена само на оние лични податоци што се неопходни за исполнување на целта заради која се обработуваат.

ВИНЕР ја врши обработката на Вашите лични податоци за следните цели:

  • Во збирката на клиенти, збирката на клиенти на ДЗО и збирката на подносители на барање за надомест на штета и оценување на осигурително покритие и степен на оштета – склучување и остварување на права и обврски од договор за осигурување,
  • Во збирката на должници – наплата на долг кој произлегува од договор за осигурување,
  • Во збирката на клиенти кои дале согласност за директен маркетинг – вршење на директен маркетинг (промоција на услуги и продукти на ВИНЕР).

 

  1. Кои се правните основи за обработка на Вашите лични податоци?

Правни основи за обработка на Вашите лични податоци се:

  • За збирката на клиенти, збирката на клиенти на ДЗО, збирката на подносители на барање за надомест на штета и оценување на осигурително покритие и степен на оштета и збирката на должници – исполнување на договорна обврска од договор за осигурување

законска основа: Закон за супервизија на осигурување, Закон за задолжително осигурување во сообраќајот, Закон за доброволно здравствено осигурување и Закон за облигациони односи,

  • За збирката на клиенти кои дале согласност за директен маркетинг – согласност за вршење на директен маркетинг (известување и промоција на услуги и продукти на ВИНЕР).

Во случај кога обработката на Вашите лични податоци се врши заради исполнување на законска или договорна обврска, не е потребна Ваша согласност за обработка на податоците.

Врз основа на Ваша согласност ги обработуваме Вашите лични податоци за цели на директен маркетинг (доставување на рекламни содржини, промоции, понуди на производи и услуги). Вие немате обврска да дадете согласност за вршење на директен маркетинг, а доколку ја дадете согласноста може да ја повлечете во кое било време.

Согласноста за вршење на директен маркетинг, можете да ја дадете користејќи го Формуларот за Изјава за согласност за вршење на директен маркетинг објавен на https://www.winner.mk/zastita-na-licni-podatoci/

ВИНЕР целосно го почитува начелото на минимален обем на податоци и ги собира само оние податоци кои се потребни, релевантни и ограничени за исполнување на целта заради која се обработуваат.

  1. Кој има пристап до Вашите лични податоци?

Во зависност од Збирката на лични податоци за која се собираат Вашите лични податоци, пристап до Вашите лични податоци може да имаат:

  • Вработени или ангажирани лица во ВИНЕР кои се овластени да пристапуваат до Вашите лични податоци и само до степен потребен за извршување на работните задачи;
  • Вработени или ангажирани лица кај обработувачи* кои во име на ВИНЕР вршат обработка на лични податоци, врз основа на Договор за обработка на лични податоци;
  • Секоја јавна институција на која ВИНЕР е обврзана да и ги достави Вашите лични податоци, како законска или договорна обврска;
  • Во одредени исклучителни ситуации, заради исполнување на законски обврски, пристап до Вашите лични податоци може да имаат и судови и други органи за спроведување на законот, регулаторни тела или правни застапници.

* Во својство на контролор на лични податоци, ВИНЕР дава лични податоци на обработувачи кои ги обработуваат личните податоци во негово име, при што ВИНЕР ги обврзува обработувачите со Договор за безбедна обработка на лични податоци.

  1. Кои категории на лични податоци ги обработуваме за Вас?

ВИНЕР ги обработува личните податоци кои се определени со закон. Кога правна основа за обработка на Вашите лични податоци е договор или согласност, целосно го почитуваме принципот на минимален обем на податоци и ги собираме само оние податоци што се неопходни, релевантни и ограничени на целите за кои се обработуваат.

  • За клиентите ги обработуваме следните категории на лични податоци:
Име и презиме
ЕМБГ
Постојана или привремена адреса на живеење
Податоци за контакт: телефонски број и електронска адреса
Датум на раѓање
Место на раѓање
Број на патна исправа
Број на возачка дозвола
  • За клиентите на ДЗО ги обработуваме следните категории на лични податоци:
Име и презиме
ЕМБГ
Постојана или привремена адреса на живеење
Податоци за контакт: телефонски број и електронска адреса
Датум на раѓање
Место на раѓање
Број на здравствена легитимација

Посебни категории на лични податоци

Податоци кои се однесуваат на здравјето/медицински податоци (медицински извештај со анамнеза)

 

  • За подносителите на барање за надомест на штета и оценка на осигурително покритие и степен на оштета ги обработуваме следните категории на лични податоци:

 

Име и презиме
ЕМБГ
Постојана или привремена адреса на живеење
Податоци за контакт: телефонски број и електронска адреса
Број на возачка дозвола
Број на трансакциска сметка
Пензионирање

Посебни категории на лични податоци

Краткотрајни повреди и здравствена состојба, вид на физичка повреда, времетраење на третман
Преквалификација и степен на инвалидитет на осигураното лице или на подносителот на барањето за надомест на штета
  • За должниците ги обработуваме следните категории на лични податоци:

 

Име и презиме
ЕМБГ
Постојана или привремена адреса на живеење
Податоци за контакт: телефонски број и електронска адреса
Број на возачка дозвола
Број на шасија
Регистарски број на возилото
Број на трансакциска сметка
  • За клиентите кои дале согласност за директен маркетинг:
Име и презиме
Податоци за контакт: телефонски број или електронска адреса
Постојана или привремена адреса на живеење

*Здравствени податоци односно личните податоци кои се однесуваат на здравјето на клиентот се посебна категорија на лични податоци во согласност со ЗЗЛП, поради што уживаат посебна заштита, односно подлежат на построг режим на заштита.

ВИНЕР воспоставува заштитни мерки за обработка и чување на здравствените податоци. ВИНЕР ги чува здравствените податоци на клиентот одвоено од другите негови лични податоци.

Обработката на здравствените податоци е пропорционална со природата и висината на ризикот кој се разгледува.

Само овластено лице може да има пристап до здравствените податоци на конкретниот клиент врз основа на издадено посебно овластување за пристап и обработка на здравствени податоци на клиентот.

 

  1. Како ги чуваме Вашите лични податоци?

ВИНЕР ги обработува Вашите лични податоци во согласност со одредбите на ЗЗЛП.

Воедно, нашите вработени се обврзани да работат во согласност со интерните акти за заштита на лични податоци, а и давателите на услуги имаат иста обврска, врз основа на договор за обработка на лични податоци. Секое лице кое има пристап до Вашите лични податоци, без разлика дали е овластено вработено лице во ВИНЕР или е вработено лице во друштво ангажирано од страна на ВИНЕР како обработувач на лични податоци, е обврзано да ја заштитува тајноста на податоците и да постапува според упатствата на ВИНЕР во согласност со важечките законски прописи за заштита на личните податоци.

Само лицата кои се овластени од страна на ВИНЕР имаат право да пристапат до Вашите лични податоци, до степен потребен за извршување на нивните работни задачи или ангажман, а согласно издадените овластувања за вршење на обработка на личните податоци.

Секое овластено лице кое има пристап до Вашите лични податоци потпишува изјава со која се обврзува на тајност и заштита на личните податоци при нивната обработка.

Притоа, се применуваат најсовремените технички и организациски мерки согласно прописите за заштита на личните податоци што важат во Република Северна Македонија, за заштита на податоците од неовластен пристап, неовластено откривање или евентуална злоупотреба на сите нивоа на извршување на работите. Личните податоци кои се обработуваат од страна на ВИНЕР се чуваат на сервери кој се наоѓаат во седиштето на ВИНЕР, но и на сервер во земја членка на ЕУ, Република Австрија, а врз основа на склучен договор со ВИЕНА ИНШУРЕНС ГРУП Виена (ВИГ), како основач и сопственик на ВИНЕР.

Ниту ВИНЕР, ниту обработувачите, нема да ги проследат Вашите податоци на користење на трети страни, освен ако за тоа има согласност од Ваша страна или постои законска обврска.

  1. Дали вршиме пренос на лични податоци?

Имајќи предвид дека ВИНЕР е дел од Групацијата ВИЕНА ИНШУРЕНС ГРУП Виена (ВИГ), личните податоци на клиентите може да се пренесуваат во ВИГ како матично друштво каде што истите ќе се обработуваат за статистички односно цели на чување, како и развој и унапредување на информациските системи. При вршење на преносот на личните податоци се обезбедува високо ниво на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци. Исто така, во ВИГ се обезбедуваат сите неопходни заштитни мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци преку стандардни клаузули за заштита на личните податоци кои се одобрени од страна на Европската комисија.

 

  1. Колку долго ги чуваме Вашите лични податоци?

Вашите лични податоци ги чуваме во рокови пропишани со закон и со нашите интерни акти, во временски период колку што е потребно за да се исполнат соодветните цели.

Вашите лични податоци нема да бидат зачувани во форма и/или облик што дозволува да бидете идентификувани подолго отколку што е потребно за да се постигне целта за која се собрани или обработувани.

  • Личните податоци на клиентите, вклучително и клиентите на ДЗО, како и на подносителите на барање за надомест на штета, кои се обработуваат со цел да се процени и утврди премијата на осигурување, за давање на понуда и за склучување на договор за осигурување/полиса се чуваат во текот на целото времетраење на договорот за осигурување и 10 години по престанокот на важење на договорот, или во случај на настанување на штета, 10 години по затворањето на случајот на настанување на штетата, односно од денот на целосната исплата на надоместокот за настаната штета согласно член 109 став 8 од Законот за супервизија на осигурување.
  • Личните податоци кои се обработуваат за статистички цели, заради следење на ризикот во текот на траење на осигурувањето, процена на ризикот при обновување или склучување на идни договори за осигурување, примена на актуарската дејност и откривање и/или спречување на измами во осигурувањето, се чуваат во текот на целото времетраење на договорот за осигурување и 10 години по престанокот на важење на договорот.
  • Личните податоци кои се обработуваат при испитување на задоволството на клиентот во тек на траење на договорот за осигурување, се чуваат во текот на целото времетраење на договорот за осигурување и 5 години по престанокот на важење на договорот.
  • Личните податоци на должниците се чуваат во рок од 5 години по наплата на долгот,
  • Личните податоци на клиентите кои дале согласност за директен маркетинг (известување и промоција на производи и услуги) се чуваат до повлекување на согласноста.

По истекот на роковите за чување, личните податоци се бришат од информацискиот систем на ВИНЕР и/или од серверите на даватели на услуги, односно се уништува хартиената документација.

  1. Кои се Вашите права?

Под одредени услови утврдени со закон, имате право на пристап, корекција, бришење, ограничување на обработката, преносливост на вашите лични податоци, право на приговор, право да не бидете предмет на одлука заснована на автоматска обработка на податоци, право на повлекување на согласноста. Овие Ваши права произлегуваат од ЗЗЛП.

 

Право на информирање (член 17 и 18 од ЗЗЛП) Имаме обврска да Ве информираме кои податоци ги собираме за Вас, за кои цели ги обработуваме, колку долго ги чуваме и дали ги откриваме на трети страни.

Оваа информација е објавена на веб страницата на ВИНЕР.

Рок на постапување: Во моментот кога ќе отпочнеме со обработка на Вашите лични податоци
Право на пристап

(член 19 од ЗЗЛП)

На Ваше барање, имаме обврска да Ви дадеме детална информација за податоците што ги обработуваме за Вас.

Формуларот на Барањето за пристап до лични податоци е објавен на следниот линк

Рок за постапување: еден месец од денот на поднесување на барањето, а ако е комплексно барањето, три месеци.
Право на исправка

(член 20 од ЗЗЛП)

На Ваше барање, ќе ги исправиме или дополниме Вашите неточни или непотполни податоци.

Формуларот на Барањето за исправка на личните податоци е објавен на следниот линк

Рок за постапување: 15 дена од денот на поднесување на барањето.
Право на бришење

(член 21 од ЗЗЛП)

На Ваше барање, ќе ги избришеме податоците: ако е исполнета целта заради која биле обработувани; ако сте ја повлекле согласноста за обработка; ако податоците биле незаконски обработувани; ако приговарате на обработката или заради почитување на законската обврска за бришење на податоците кога веќе не постои правна основа за обработка.

Формуларот на Барањето за бришење на личните податоци е објавен на следниот линк:

Рок на постапување: 30 дена од денот на поднесување на барањето.
Право на ограничување на обработката

(член 22 од ЗЗЛП)

На Ваше барање, ќе ја ограничиме обработката на личните податоци: ако ја оспорувате точноста на личните податоци, во периодот додека не ја потврдиме нивната точност; ако сметате дека обработката е незаконита, но се спротивставувате на бришењето или ако податоците ви се потребни за остварување на правни барања.

Формуларот на Барањето за ограничување на обработката на личните податоци е објавен на следниот линк

Рок за постапување: еден месец од денот на поднесување на барањето, а ако е комплексно барањето, три месеци.
Право на преносливост на податоците

(член 24 од ЗЗЛП)

На Ваше барање, ќе Ви ги пренесеме личните податоци во структуриран, вообичаено користен и машински читлив формат. Ова право е применливо кога се врши обработка на лични податоци врз основа на согласност или договор и кога обработката се врши со автоматизирани средства.

Формуларот на Барањето за преносливост на личните податоци е објавен на следниот линк

Рок за постапување: еден месец од денот на поднесување на барањето, а ако е комплексно барањето, три месеци.
Право на приговор

(член 25 од ЗЗЛП)

Врз основа на Ваш приговор, ќе ја запреме обработката на податоците ако правна основа за нивна обработка е нашиот легитимен интерес или сме вршеле нивна обработка за цели на научни или историски истражувања или статистички цели, под услов ако вашето право на приватност преовладува над нашите интереси и цели.

Формуларот на приговорот е објавен на следниот линк

Рок за постапување: еден месец од денот на поднесување на барањето, а ако е комплексно барањето, три месеци.

 

Право на повлекување на согласноста

(член 11 од ЗЗЛП)

Кога правна основа за обработка на Вашите лични податоци е согласноста, на Ваше барање ќе престанеме да вршиме нивна обработка.

Согласноста за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг може да се повлече во секое време, бесплатно.

Формуларот на Барањето за повлекување на согласноста за вршење на директен маркетинг е објавен на следниот линк

Повлекувањето на согласноста не влијае на законитоста на обработката која се вршела врз основа на согласноста пред отповикувањето.

 

Рок за постапување: веднаш.

Формуларите кои се објавени на веб страницата на ВИНЕР се доставуваат на електронска адреса: Natasha.nedelkovska@winner.mk, до Архивата лично или преку пошта на адреса Бул. Борис Трајковски број 62, 1000 Скопје, со назнака “до Офицерот за заштита на лични податоци”.

На истиот начин може да се достави Барање во врска со сите прашања поврзани со обработката на личните податоци.

Доколку сметате дека обработката на Вашите лични податоци од страна на ВИНЕР, не е во согласност со одредбите на ЗЗЛП или пак сметате дека е повредено некое Ваше право за заштита на личните податоци, имате право да поднесете барање пред Агенцијата за заштита на личните податоци како надлежен орган за вршење на надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија.

Барањето можете да го преземете на следниот линк:

https://www.dzlp.mk/sites/default/files/u4/baranje_za_utvrduvanje_na_prekrsuvanje_na_zzlp.doc

На линковите подолу можете да ги погледнете и симнете Кодексот за работа со лични податоци и Процедурата за повлекување на согласноста за обработување на личните податоци на ВИНЕР - Виена Иншуренс Груп АД Скопје.

ПРАВИЛА
за заштита на личните податоци при доброволно дополнително и приватно здравствено осигурување

  1. ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ

 

Со овие Правила се уредува начинот на обработка и заштитата на личните податоци на клиентите на ВИНЕР, како осигуреници на доброволно дополнително и приватно здравствено осигурување.

 

За обезбедување на услугата за доброволно дополнително или приватно здравствено осигурување, а со цел да се постапи по барањето на клиентите за да бидат упатени на склучување на договор за осигурување, а со цел давање на најсоодветна услуга, од клиентите како осигуреници ќе бидат побарани повеќе категории на лични податоци, вклучително и здравствени податоци како посебна категорија на лични податоци.

 

Давањето на вистински, точни и целосни податоци, како и благовремено известување за  измените на личните податоци е законска и договорна обврска на клиентите и истото претставува неопходен услов за склучување на договор за доброволно дополнително или приватно здравствено осигурување односно за издавање на соодветна полиса за доброволно дополнително или приватно здравствено осигурување.

 

Евентуалното одбивање односно погрешно и нецелосно давање на бараните податоци може да доведе до тоа на клиентот да не може да му се обезбеди услугата со задоволителен квалитет односно да не може да му се обезбеди услугата воопшто.

 

  1. ПРАВНА ОСНОВА ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Закон – личните податоци на клиентот се обработуваат кога е тоа утврдено со закон (Закон за облигационите односи, Закон за здравствено осигурување, Закон за доброволно здравствено осигурување, Закон за супервизија на осигурување, насоки од Recommendation CM/Res (2016) of the Committee of Ministry to the memner States on the processing of personal helath-related data for insurance purposes, including data resulting from generic tests).

Личните податоци кои се обработуваат врз законска основа, клиентот има обврска сам да ги обезбеди и да ги достави до ВИНЕР. Доставувањето на лични податоци со цел склучување (исполнување) на договор е доброволно здравствено осигурување, но треба да се има предвид дека ако личните податоци кои се неопходни за давање на услугата не бидат доставени од клиентот, тие услуги не ќе може да бидат обезбедени од страна на ВИНЕР.

Договорен, преддоговорен однос – кога за одредена категорија на лични податоци нема законски утврдена основа, основа за нивна обработка може да биде договорниот однос помеѓу ВИНЕР и клиентот.

Согласност - кога за одредена категорија на лични податоци нема законска основа, основа за нивна обработка може да биде изјава за согласност дадена од страна на клиентот.

Легитимен  интерес – личните податоци на клиентот може да се обработуваат врз основа на легитимен интерес на ВИНЕР. За да биде легитимниот интерес правна основа за обработка на

 

личните податоци, треба да преовладува над правата и слободите на клиентот како осигуреник.

  1. КАТЕГОРИИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

 

Со цел да се реализираат правата и обврските во врска со остварување на доброволно дополнително или приватно здравствено осигурување, се обработуваат следните категории на лични податоци:

 

Податоци за идентификација

  • Име и презиме
  • Дата и место на раѓање,
  • ЕМБГ
  • Регистарски број на здравствена легитимација
  • Адреса за контакт
  • Телефонски број
  • Електронска адреса

 

Здравствени податоци

  • Податоци за здравствената состојба на клиентот како осигуреник
  • Здравствена документација и друга документација која е соодветна, релевантна и во сразмерен обем за решавање и исплата на штети

 

Клиентот како осигуреник е должен да го извести ВИНЕР за:

  • промена на име или презиме, односно називот на фирмата,
  • промена на адресата на живеење, односно седиштето,
  • промена на трансакциска сметка,
  • промена на телефонски број за контакт,

во рок од 15 дена од денот на настанување на промената.

 

Доколку кај клиентот како осигуреник се променети личните податоци од претходниот став на овие правила, а за тоа не го известил ВИНЕР, ВИНЕР ќе го испрати известувањето кое мора да му го соопшти на клиентот, на адресата на неговото последно живеалиште или седиште или ќе го адресира на последното познато име и презиме, односно назив на фирма. Во случај кога обидот да се достави препорачаната пратка до клиентот нема да биде успешен (поради преселување или одбивање да се прими), ВИНЕР ќе ја смета вратената пратка како уредно доставена и ќе ја депонира во своето седиште. Клиентот се согласува дека вратените недоставени пратки се сметаат за примени од денот на првиот обид за доставување и дека е запознат со содржината на пратката.

 

  1. ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

 

Во согласност со Законот за заштита на личните податоци, ВИНЕР во својство на контролор:

 

  • ги обработува личните податоци на клинетот за спроведување на конкретните права и обврски од договорот за доброволно дополнително или приватно здравствено осигурување, каде клиентот е договорна страна или врз основа на барање на клиентот, пред негово пристапување кон договорот,
  • ги пренесува неговите лични податоци во други држави за потребите на реосигурување, решавање на меѓународни штети како и за други потреби на ВИНЕР со цел исполнување на обврските кои произлегуваат од договорот за доброволно дополнително или приватно здравствено осигурување,

 

 

  • бара информации од надлежните државни органи или која било друга надлежна институција за неговите лични податоци (здравствени институции, Фонд за пензиско и инавлидско осигурување, Министерство за труд и социјална политика и др.) и истите ги употребува доколку е тоа потребно за извршување на одредбите од договорот за доброволно дополнително или приватно здравствено осигурување,
  • ги дава неговите лични податоци на користење и на други надлежни институции кои за тоа поднеле писмено барање со образложение за истото, а во врска со извршување на нивните редовни работи во согласност со закон.

 

Личните податоци на клиентот како осигуреник, можат да се обработуваат само за цели на исполнување на правата и обврските од договорот за доброволно дополнително или приватно здравствено осигурување и да се чуваат во законски утврдените рокови.

 

  • ВИНЕР ги обработува личните податоци на клиентот како осигуреник со цел да се процени и утврди премијата на осигурување, за давање на понуда и за склучување на договор за доброволно здравствено осигурување. Оваа обработка на личните податоци се врши врз основа на договор за доброволно здравствено осигурување /полиса. Без собирање и обработка на личните податоци на клиентот, ВИНЕР не е во можност да склучи договор.
  • ВИНЕР ги обработува личните податоци на клиентот како осигуреник (име, презиме, емаил адреса и телефонски број, како и адреса за испраќање на одговор), заради контактирање, доставување на понуди и известување за производите и услугите на осигурувањето. Оваа обработка на личните податоци се врши врз основа на доброволно дадена изјава за согласност на осигуреникот, со пополнување на Формулар кој е објавен на веб страната на ВИНЕР.
  • ВИНЕР ги обработува личните податоци на клиентот како осигуреник (име, презиме, емаил адреса и телефонски број) и за испитување на задоволството на клиентите во тек на траење на договорот за осигурување. Оваа обработка на личните податоци се врши врз основа на доброволно дадена изјва за согласност на осигуреникот.
  • ВИНЕР ги обработува личните податоци на клиентот како осигуреник и за статистички цели заради следење на ризикот во текот на траење на осигурувањето, процена на ризикот при обновување или склучување на идни договори за осигурување, примена на актуарската дејност и откривање и/или спречување на измами во осигурувањето. Оваа обработка на личните податоци се врши врз основа на легитимен интерес на ВИНЕР, при што легитимниот интерес на ВИНЕР за подобрување на производите и услугите на осигурувањето, преовладува над правата и слободите на клиентот како осигуреник.

ВИНЕР ја почитува забраната за правење копија од документот за лична идентификација на клиентот.

Здравствените податоци односно личните податоци кои се однесуваат на здравјето на клиентот се посебна категорија на лични податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци (чувствителни лични податоци), поради што уживаат посебна заштита, односно подлежат на построг режим на заштита.

ВИНЕР воспоставува заштитни мерки за обработка и чување на здравствените податоци. ВИНЕР ги чува здравствените податоци на клиентот одвоено од другите негови лични податоци.

ВИНЕР врши обработката на здравствените податоци пропорционално со природата и висината на ризикот кој се разгледува.

 

 

 

Само овластено лице може да има пристап до здравствените податоци на конкретниот клиент врз основа на издадено посебно овластување за пристап и обработка на здравствени податоци на клиентот.

Овластеното лице за обработка на здравствените податоци на клиентот, покрај почитување на техничките и организациски мерки за заштита на личните податоци утврдени со документацијата за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци (за основно, средно и високо ниво со оглед дека се посебна категорија на лични податоци), должно е да постапува со зголемено внимание при обработка на здравствените податоци, а со цел да се спречи  неовластено откривање на податоците или пристап до податоците од страна на неовластени лица.

Здравствените податоци на клиентот може да се обработуваат во обем утврден со Прашалникот за здравствена состојба на осигуреникот. Не е дозволено да се собираат други здравствени податоци на осигуреникот, освен оние што се наведени во Прашаникот за здравствената состојба на осигуреникот.

Здравствените податоци на клиентот, можат да се обработуваат само за следните цели:

 

Склучување на договор за доброволно здравствено осигурување - Здравствените податоци кои се собираат преку пополнување на Прашалникот за здравствената состојба на осигуреникот се обработуваат со цел да се утврди премијата за доброволно здравствено осигурување согласно одредбите на Законот за доброволно здравствено осигурување, односно за да се оцени осигурителното покритие согласно одредбите на Законот за супервизија на осигурување.

 

Решавање на штети - Во случај на настанување на штета, а со цел оценување на степенот на оштета, се собираат здравствени податоци кои се соодветни, релевантни и во сразмерен обем со конкретната цел, и тоа: краткотрајни повреди и здравствена состојба, вид на физичка повреда, времетраење на третман и последици за осигуреникот, степен на инвалидитет, трошоци за медицински третман, медицински препарати и ортопедски помагала и други лични податоци содржани во медицинското досие.

Овластените лица за обработка на здравствените податоци, освен техничките и организациски мерки за заштита на лични податоци предвидени со документацијата на ВИНЕР, преземаат и дополнителни мерки за заштита на личните податоци.

Поради специфичноста на податоците кои се содржани во Прашалникот за здравствена состојба на осигуреникот, истиот се проследува до клиентот заедно со плико, во кое се става Прашалникот по неговото пополнување. Затворениот плик се доставува до Винер.

  1. РОКОВИ НА ЧУВАЊЕ

Личните податоци кои ги обработува ВИНЕР во сегментот на доброволно дополнително или приватно здравствено осигурување, се чуваат во согласност со закон и само во траење кое е потребно за остварување на целта поради која се собрани.

Кога времето на чување на личните податоци е утврдено со закон, тие се чуваат во согласност со одредбите од тој закон. Кога личните податоци се собираат и обработуваат врз основа на договор, времето на чување е еднакво на времето на целиот период на важење на договорот, вклучително и роковите за гаранција и било кои други рокови кои произлегуваат од склучениот договор.

Кога во прашање е собирање и обработување на лични податоци по основ на изречна согласност на клиентот како осигуреник, податоците се чуваат до повлекување на согласноста,

 

односно до исполнување на целта заради која се собрани. Кога ќе се исполни целта заради која се обработуваат личните податоци на клиентот, истите ќе бидат избришани и во случај кога клинтот не побарал повлекување на дадената согласност.

Поконкретно:

  • Податоците кои се обработуваат со цел да се процени и утврди премијата на осигурување, за давање на понуда и за склучување на договор за осигурување/полиса се чуваат во текот на целото времетраење на договорот за доброволно здравствено осигурување и 10 години по престанокот на важење на договорот.
  • Податоците кои се обработуваат за контактирање, доставување на понуди и известување за призводите и услугите на осигурување, се чуваат во текот на целото времетраење на договорот за доброволно здравствено осигурување и 5 години по престанокот на важење на договорот или до отповикување на согласноста.
  • Податоците кои се обработуваат за испитување на задоволството на клиентот во тек на траење на договорот за доброволно здравствено осигурување, се чуваат во текот на целото времетраење на договорот за осигурување и 5 години по престанокот на важење на договорот или до отповикување на согласноста.
  • Податоците кои се обработуваат за статистички цели, заради следење на ризикот во текот на траење на осигурувањето, процена на ризикот при обновување или склучување на идни договори за осигурување, примена на актуарската дејност и откривање и/или спречување на измами во осигурувањето се чуваат во текот на целото времетраење на договорот за осигурување и 10 години по престанокот на важење на договорот.

ВИНЕР се обврзува дека личните податоци на осигуреникот внимателно ќе ги чува во согласност со прописите за заштита на личните податоци.

 

  1. БЕЗБЕДНОСТ ПРИ ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧИТЕ ПОДАТОЦИ

Личните податоци што ги обработува ВИНЕР се чуваат во хартиена и во електронска форма. ВИНЕР применува технички и организациски мерки за заштита на личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и своите интерни акти, како за личните податоци што се чуваат во хартиена форма (досиеја кои се чуваат во посебни плакари обезбедени со клуч), така и за личните податоци кои се чуваат во електронска форма (информацискиот систем на ВИНЕР е заштитен со посебни технички и организациски мерки кои спречуваат ненамерно или намерно уништување, губење, оштетување, измена и неовластено откривање или неовластен пристап до личните податоци).

ВИНЕР се обврзува да ги заштитува личните податоци на клиентите кои се доставени со цел склучување на договор за осигурување, како и да ги преземе сите потребни активности за заштита на податоците од какво било неовластено откривање или злоупотреба.

Техничките и организациски мерки за заштита на личните податоци, утврдени во актите на ВИНЕР, кои се применуваат во однос на целокупното работење на ВИНЕР, се применуваат и во однос на заштитата на личните податоци на клиентите како осигуреници на доброволното дополнително или приватно здравствено осигурување.

По истекот на рокот за чување на личните податоци, односно по повлекување на согласноста од страна на клиентите без одлагање, неповратно и трајно, истите ќе бидат избришани односно уништетни (вклучително и сите фотокопии). Уништени односно трајно избришани ќе бидат и сите медиуми на кои се наоѓаат лични податоци чиј рок на чување е истечен.

Во случај на нарушување на безбедноста на личните податоци, во рок од 72 часа ќе биде известена Агенцијата за заштита на личните подаотоци.

 

Ако постои веројатност дека нарушувањето на безбедноста на личните податоци ќе предизвика висок ризик за правата и слободите на клиентите чии лични податоци ВИНЕР ги обработува, без одлагање ќе бидат известени и клиентите.

Доколку има сомневање и за постоење на кривично дело, без одлагање ќе бидат известени надлежните органи МВР, ЈО.

  1. ПРАВА НА КЛИЕНТОТ

ВИНЕР гарантира остварување на сите права кои им припаѓаат на клиентите, а во врска со обработката на нивните лични податоци.

Клиентот во секој момент има право да побара од ВИНЕР:

  • потврда дали ги обработува неговите лични податоци или не,
  • пристап до неговите лични податоци кои се обработуваат,
  • исправка на неговите неточни или непотполни лични податоци,
  • бришење на неговите лични податоци,
  • ограничување на обработката на личните податоци,
  • пренос на личните податоци
  • поднесување на приговор

Право на пристап - Клиентот има право да поднесе барање за пристап до неговите лични податоци. Ова право му овозможува да добие информација за податоците кои се обработуваат за него и да провери дали податоците се точни и ажурирани.

Право на исправка - Ако клиентот открие дека личните податоци што за него ги обработува ВИНЕР не се точни или не се целосни, има право да побара нивна исправка. Клиентот обично станува свесен за неточните или нецелосни податоци, по остварување на правото на пристап.

Право на бришење - Клиентот има право да побара ВИНЕР да ги избрише неговите лични податоци ако податоците веќе не се потребни односно престанала целата заради која биле обработувани, ако клиентот ја повлекол согласноста за нивна обработка, ако податоците биле незаконски обработувани или повеќе не е исполнета правната основа за нивна обработка.

Право на ограничување на обработката – Клиентот има право да побара ВИНЕР да ја ограничи обработката на личните податоци. Ова право е алтернатива на правото на бришење на податоците и може да се оствари ако клиентот ја оспорува точноста на неговите лични податоци, во периодот додека ВИНЕР не ја потврди нивната точност, ако обработката е незаконита, но клиентот се спротивставува на бришењето, а наместо тоа бара ограничување на обработката или ако податоците веќе не му се потребни на ВИНЕР, но потребни му се на клиентот за остварување на неговите правни барања.

Право на преносливост на податоците - Клиентот има право да ги добие од ВИНЕР неговите лични податоци во структуриран, вообичаено користен и машински читлив формат и истите да ги пренесе на друг осигурувач, без попречување од страна на ВИНЕР на кој првобитно му ги дал. Ова право е применливо кога се врши обработка на лични податоци врз основа на согласност или договор и кога обработката се врши со автоматизирани средства.

Право на приговор - Клиентот има право на приговор врз основа на конкретна ситуација поврзана со него, ако обработката на неговите лични податоци се заснова на легитимен интерес, ако обработка на лични податоци се врши за цели на директен маркетинг и профилирање поврзано со директниот маркетинг или за цели на научни или историски истражувања или за статистички цели.

 

 

 

Кога личните податоци се обработуваат врз основа на изјава за согласност, клиентот има право на повлекување на дадената согласност, при што повлекувањето на согласноста не влијае на законитоста на обработката која се изведувала до нејзиното повлекување. Повлекувањето на согласноста не предизвикува никакви негативни последици за клиентот.  По повлекување на согласноста за обработка на личните податоци, можеби ВИНЕР нема да може да им понуди одредени услуги ако тие услуги се од таква природа, без личните податоци на клиентот, да не може да бидат понудени (пример, без обработка на емаил-от на клиентот не може да се понудат услуги на известување по пат на емаил).

ВИНЕР се обврзува да одговори по однос на барањето на клиентот на кого се однесуваат личните податоци без непотребно одлагање, во рок од 30 дена од поднесување на барањето, односно најдоцна во рок од 3 месеци во случај на комплексност на барањето.

 

  1. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

 

Овластените лица кои вршат обработка на лични податоци за доброволно дополнително или приватно здравствено осигурување, должни се да постапуваат во согласност со овие правила, но и во согласност со документацијата за технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци.

Овие правила влегуваат во сила и се применуваат од денот на нивното донесување.

 

29.10.2020 година

 

Акционерско друштво за осигурување

ВИНЕР – Виена Ишуренс Груп Скопје

Офицер за заштита на лични податоци

За сите потребни информации поврзани со обработката на личните податоци можете да стапите во контакт со нашиот Офицер за заштита на лични податоци - Наташа Неделковска на телефон 078/489-936 или на адресата за е-пошта natasha.nedelkovska@winner.mk.

TOP