Зелената карта е проширување на осигурувањето од автомобилска одговорност надвор од територијата на Р. Македонија. Таа е исто така задолжителен тип на осигурување, и истата мора да ја поседувате кога со возилото ја напуштате државата.
Премијата (цената на осигурување) на полисата за Зелен Картон зависи од силината на моторот кај патничките возила, додека кај товарните возила премијата е фиксна.
Премијата за Зелена Карта за Вашето возило можете да ја пресметате со помош на нашиот калкулатор, а ВИНЕР - Виена Иншуренс Груп АД Скопје за Вас подготви и детално упатство како да постапувате во случај на сообраќајна незгода во странство, кое може да го погледнете на следниов линк.
За да изработиме Зелен картон, неопходно е полисата за автоодговорност за возилото да биде извадена во ВИНЕР - Виена Иншуренс Груп АД.
Доколку е извадена во ВИНЕР - Виена Иншуренс Груп АД, за изработка на Зелениот картон потребен ни е бројот на полисата за автоодговорност или регистерската табличка на возилото.
Цената на Зелениот картон за патнички возила зависи од киловатите на возилото (дали се над 66kw или под) и траењето на Зелениот картон (месечен или годишен), додека за комбинираните, специјалните и товарните возила цената е унифицирана за секој од типовите.
- Доколку НЕ СИ ВИНОВЕН за незгодата потребно е да ја пријавиш штетата во Бирото за зелена карта на земјата во која се случила незгодата. На позадината на зелената карта можеш да ги најдеш телефоните на Бироата за зелена карта на сите земји. По враќањето во Р. Македонија извести ја твојата осигурителна компанија за незгодата.
- Доколку СИ ВИНОВЕН за незгодата, треба да му дадеш копија од зелената карта на оштетениот или на полицијата која врши увид. По враќањето во Р. Македонија задолжително ја известуваш компанијата која го издала Зелениот Картон, и даваш писмена изјава во која објективно ќе го опишеш начинот на кој дошло до незгодата.
За помош при пријавување на штетата и остварување на правото на надомест, во одредени земји можеш да се обратиш и во осигурителните компании со кои твојата осигурителна компанија има склучено коресподентски договор. Доколку имаш проблеми при целокупната процедура, јави се во твојата осигурителна компанија и побарај упатство како да постапиш.