ЗЕМЈОДЕЛСКО ОСИГУРУВАЊЕ

Земјоделското осигурување на ВИНЕР - Виена Иншуренс Груп АД е тука за да не дозволи долгогодишниот труд кој што сте го вложиле, заедно со огромните средства за оддржување на Вашите посеви и плодови да биде загрозен од временските непогоди што сѐ почесто се случуваат во нашата држава.

Сега Земјоделското осигурување е подостапно од било кога, од причина што 60% од цената на полисата е субвенционирана, со што на осигуреникот му останува да плати само 40% од полисата.

Земјоделското осигурување ги покрива следниве ризици на кои се изложени посевите и плодовите:

  • Пожар
  • Град
  • Удар од гром

Доколку се плати дополнителна премија, покритието може да се прошири и за два дополнителни ризици:

  • Поплава
  • Пролетен мраз

Осигурителното покритие кои се обезбедува со оваа полиса се однесува на посевите и плодовите на осигурената површина, во период од нивната сеидба до периодот на нивно собирање.

За да изработиме полиса потребна ни е пополнето официјално барање за полиса (формулар кој го добивате од агентите на ВИНЕР - Виена Иншуренс Груп АД) во кој точно ќе ги внесете сите побарани податоци врз основа на кои ќе се пресмета цената, а по ваше одобрување ќе се изработи и полисата.

Цената на ова осигурување зависи од видот на посевите и плодовите, површината на насадот и ризиците што ќе ги одберете, односно дали ќе изберете само основни или и некој од дополнителните ризици.

Потребни документи за пријава на штетата

  • Пријава на штета
  • Полиса или број на полиса
  • Записник за обем на оштетувањата
  • Записник од хидрометеролошки завод
  • Други дополнителни документи

УСЛУГА СО ЕДЕН КЛИК

Facebook

Viber

Skype

Во моментов продажбата на Земјоделско осигурување не е активна поради завршување на сезоната. Формуларот за барање понуди ќе стане активен со почнувањето на сезоната на продажба на Земјоделско осигурување.

МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА И:

TOP