УСЛОВИ, ПРАВИЛА И УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ
ВИНЕР Упатство
за услови, правила и постапка за користење на веб страницата на Друштвото
Електронската трговија е процес на купување, продавање, пренос или размена на производи, услуги или информации преку компјутерски мрежи, вклучувајќи го и Интернетот.
Интернет продажба на полиси преку електронска продавница претставува продажба на осигурителни услуги (полиси) по пат на користење на електронски средства за комуникација без истовремено присуство на двете договорни страни при склучување на договорот за осигурување (полисата), при што плаќањето на премијата се врши пред да биде издадена полисата за осигурување.
Ова Упатство содржи општи услови според кои ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје (Друштвото) им нуди услуги на своите корисници преку електронската продавница webshop.winner.mk.
Овие услови, правила и постапка за користење се однесуваат и се применуваат на сите ВИНЕР домени и поддомени, а се појавуваат на дното од веб страницата. Овие услови, правила и постапка за користење ги обврзуваат сите корисници.
КОРИСТЕЊЕ НА ВЕБ СТРАНИЦАТА
Внимание! Молиме внимателно прочитајте го овој документ пред да ја користите веб страницата. Ако ги користите нашите услуги, тоа значи дека ги прифаќате и сте согласни на овие услови. Ако не ги прифаќате овие услови, Ве молиме да не ја користите нашата веб страница.
Правила за користење на веб страницата
Друштвото како креатор и сопственик на оваа интернет страна дава право да ги разгледувате сите материјали кои се публикувани во неа само за лична употреба, со нетрговска цел, под услов дека ги почитувате сите авторски права и соодветните ознаки. Не се дозволува материјалите на оваа страна да се променуваат на некаков начин, ниту да бидат копирани, јавно распространувани или разделувани за каква и да било општествена или трговска цел. Забранета е и нивна публикација на други веб страни. Материјалите на оваа страна се под заштита на Законот за авторско право и други права и секоја недозволена употреба може да биде нарушување на авторското право, права врз трговски марки и други законски определби.
Општи одредби
Упатство како брзо и безбедно да направите Online Веб Нарачка
Плаќањето може да се врши 24/7 – 24 часа секој ден во неделата од удобноста на домот, преку персонален компјутер, лаптоп, таблет или мобилен телефон, без провизија и дополнителни банкарски трошоци.
Чекор 1: Внес на лични податоци
Основен услов за користење на веб продавницата е доставување, односно внес на сите податоци лично од страна на клиентот (Договорувач / Осигуреник) кои се бараат во процесот на договарање на осигурувањето, со што клиентот се согласува со собирање на податоците и нивното користење, појаснети во Политиката за приватност (овде линк).
Друштвото ги собира, чува и обработува личните и други податоци, преку користење на веб страницата со регистрацијата за on-line купување на полиси за осигурување на интернет страницата, преку кои се врши лична идентификација на клиентот. Клиентот ќе треба да ги внесе следните категории на лични податоци при процесот на договарање на осигурувањето односно при процесот на добивање on line полиса за осигувување:
– име и презиме,
– дата и место на раѓање,
– ЕМБГ,
– даночен број,
– број на лична карта или број на пасош,
– адреса,
– телефонскиот број,
– e-mail адреса,
како и дополнителни информациите во врска со Вашето користење на производите и услугите на Друштвото.
Рокот за чување на веќе внесените лични податоци од страна на клиентот при процесот на добивање on line полиса за осигувување е 10 години согласно интерните акти на Друштвото за чување на архивски и документиран материјал.
Вториот услов е клиентот да изврши плаќање на премијата во целост со платежна картичка. Клиентот е должен да достави вистинити и потполни податоци. За случај на намерна достава на неточни податоци или доколку намерно се премолчат околностите кои можеле да доведат до одбивање на заклучување на договор за осигурување, Друштвото може да бара поништување на договорот за осигурување. Друштвото не сноси одговорност за внес на непотполни, неисправни и неточни податоци од страна на договорувачот на осигурување во текот на процесот на купување на полиса преку веб продавницата.
Чекор 2: Кон Наплата
По прифаќањето на условите за купување на полисата, односно склучување на договорот за осигурување, со клик на копчето Кон Наплата системот води низ процесот за плаќање преку сигурносниот систем на Интернационален Картичен Систем – Casys International cPay (детално објаснето во чекор 3).
Чекор 3: Плаќање со Кредитна / Дебитна Картичка
Плаќањето може да е со Кредитна или Дебитна Картичка (Visa, Visa Electron, MasterCard, Maestro) издадена од било која Банка преку сигурносниот систем за авторизација на Casys. Плаќањето е 100% безбедно!
Клиентот има обврска да ги внесе точните податоци од платежната картичка.
– CVV2/CVC2 кодот и телефонскиот број на дежурниот центар на Банката се наоѓаат од задната страна на платежната картичка.
– Пин код од картичката во ниту еден момент нема да биде побаран!
Со притискање на копчето потврди, веднаш системот на Casys се поврзува со Банката и ја авторизира трансакцијата.
Доколку било кој податок е погрешно внесен трансакцијата ќе биде неуспешна.
Доколку сите внесени податоци се точни и Банката ја одобри трансакцијата, потребно е уште еднаш да се притисне на потврди, со што уплатата е успешно завршена.
Со прифаќањето на условите од договорот за осигурување, и извршувањето на плаќањето, договорот се смета за склучен, по што во истиот момент на e-mail адресата на клиентот која тој ја оставил во текот на внес на податоците за склучување на договор за осигурување, се испраќа полисата во електронска форма во прилог (attachment) на автоматската порака од ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје, заедно со условите за осигурување кои важат за конкретниот тип на продукт, како и дополнителна документација (доколку со закон е пропишана истата).
Со купување на полиса преку електронската продавница webshop.winner.mk клиентот се согласува со Условите на осигурување согласно типот на купената полиса (Овде линк кон услови на осигурување http://www.winner.mk/uslovi/). Прекин или поврат на премија кај полисите издадени преку Електронската продажба е можен само пред почеток на траење на осигурувањето, а согласно претходно наведените услови на Друштвото.
Во случај да клиентот има потреба од печатена копија од полисата, односно доколку e-mail адресата која ја оставил не е валидна, истиот потребно е да се обрати кај Друштвото.
Ограничување на одговорноста
Друштвото не носи никаква одговорност за какви и да било штети, штети од пропуштена можност, од загуба на информација и др. кои произлегуваат од употребата, неможноста за употреба или резултатите од употреба на оваа веб страница, и тоа независно од постоењето или непостоењето на предупредување од Друштвото за можноста да дојде до такви штети.
Препраќања кон други веб страници кои се сопственост на трети лица
Како дополнително средство за информирање, Друштвото Ви обезбедува линкови до веб страници кои што припаѓаат на други друштва, кои што не се под контрола на ВИНЕР-Виена Иншуренс Груп АД Скопје. Друштвото ниту ги прегледува, ниту регуларно ги надгледува, ниту пак има некакви одговорности за содржината на ваквите веб страници. Фактот дека Друштвото поставило врска до одредена веб страница, не смее да се третира како негова одговорност и Друштвото не презема никаква одговорност за нивната содржина.
Ако имате какви било прашања или проблеми, ве молиме контактирајте нѐ на следната електронска адреса: winner@winner.mk