КАРИЕРА ВО ВИНЕР
Центар за кариера
ВИНЕР Осигурување е осигурителна компанија која е во сопственост на Vienna Insurance Group – Wiener Städtische, една од најголемите осигурителни групации во Централна и Источна Европа, составена од над 50 компании во 25 земји, со 25 илјади вработени, повеќе од 20 милиони задоволни клиенти и традиција преку 190 години во осигурителниот бизнис. Групацијата е рангирана со „А+“ според Standard & Poor’s, што е показател за безбедноста и сигурноста што ја имаат нејзините осигуреници.
Се стремиме да ги привлечеме, мотивираме и задржиме кај себе исклучителните луѓе, покажувајќи почит кон нивната работа и резултати. Веруваме во личната иницијатива, одговорност и тимска работа. Континуирано бараме чесни и вредни луѓе кои се посветени на работата. За тоа овозможуваме најконкурентен систем на наградување и обезбедуваме постојана надградба, едукација и кариера во ВИНЕР, а во рамките на интернационалниот развој и во VIENNA INSURANCE GROUP.
Како компанија со континуиран раст и развој во сите свои сегменти, поради зголемениот обем на работа, ВИНЕР има потреба од искусни и амбициозни луѓе кои заслужуваат да работат во најдобри услови и со најдобри ресурси.
Од таа причина, ВИНЕР повикува да се пријават сите заинтересирани кои ги исполнуваат критериумите за следниве позициите:
За секој кој сака да биде дел од успешна и стабилна осигурителна компанија, со можноста за кариера и напредок – отворени места за лиценцирани застапници!
Аплицирајте тука
Главни одговорности:
1. Корисничка ИТ поддршка во дирекција и подружниците;
2. Инсталација и одржување на Хардверска ИТ опрема, мрежна опрема и софтвер;
3. Планирање и координирање со Секторот за логистика, набавки, ПР и маркетинг за обезбедување на Секторите и подружниците со потрошни материјали (тонери) и резервни делови;
4. Администрирање, проактивен мониторинг, инсталација и одржување на физичката ИТ инфраструктура, како и комплетните апликации на Работодавачот;
5. Обезбедување на пристап на вработените до соодветните апликативни решенија на Друштвото согласно политиките на Друштвото;
6. Обезбедување на континуитет на пристапот на вработените до соодветните апликативни решенија на Друштвото;
7. Припрема на документација за задолжување/ раздолжување на техничка опрема;
8. Ажурирање на ИТ инвентар;
Вештини и способности:
1. Тимски играч
2. Познавања за сервисирање на хардвер и софтвер
3. Организиран и фокусиран кон детали
4. Познавање на Windows OS и Microsoft Office- алатките
Потребни квалификации/искуство:
1. Универзитетска диплома од информатички факултет ќе се смета за предност
2. Претходно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност
3. Курсеви, обуки и сертификати релевантни со наведените одговорност ќе се сметаат за предност
Компанијата нуди:
1. Атрактивна плата
2. Позитивна, динамична и мотивирачка работна атмосфера
3. Можност за стручни и едукативни обуки
4. Настани поврзани со поттикнување на тимски дух
Испратете ја Вашата апликација преку електронска пошта на адреса itkariera@winner.mk, со назнака „Инженер за техничка поддршка“ не подоцна од 27.10.2022 година.
Сите останати заинтересирани кандидати за други работни позиции се добредојдени да ги достават своите куси биографии и мотивациски писма на kariera@winner.mk, во било кое време. Тимот на ВИНЕР ОСИГУРУВАЊЕ Ви стои на располагање за какви било дополнителни прашања кои може да ги испраќате на истата адреса за електронска пошта.
Најквалитетните ги заслужуваат најдобрите услови. Бидете и Вие дел од тимот на ПОБЕДНИЦИТЕ!
ВАЖНО: Личните податоци кои ни ги доставуваат кандидатите при конкурирањето на отворените огласи кои ги објавува Винер се чуваат за потреби на регрутација и селекција. Доколку некој од кандидатите не се согласува неговите податоци да бидат чувани, треба да го наведе тоа во e-mail пораката при доставувањето на документите, по што податоците ќе бидат избришани од нашата база на податоци во рок од една недела.
НАШАТА СТРАТЕГИЈА ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
Еден од столбовите на стратегијата за континуиран и стабилен раст на Винер Осигурување е постојаното вложување во регрутација, селекција и едукација на човечките ресурси. Во секоја од овие фази, компанијата се раководи од иновативни принципи кои нудат пријатно искуство за кандидатите, пријатна работна средина за регрутираните и напредни обуки за вработените.
Во делот на регрутација Винер Осигурување, во најголем дел се потпира на младите талентирани луѓе кои покажуваат интерес за динамична работа и желба за кариера во компанијата. Потпирајќи се на напредните политики за развивање на човечките ресурси, компанијата не ја зема како клучна претходната наобразба и искуство на кандидатите.
Во делот на селекцијата, ново-вработените имаат можност своите афинитети и способности да ги потврдат на соодветни работни задачи, и во координација со одговорните лица за човечките ресурси да го изберат правецот во кој м0жат најмногу да ја развијат својата кариера, односно да постигнат најголем личен и професионален развој.
Во делот на обуката Винер осигурување обезбедува редовни теоретски и практични обуки, внимателно адаптирани на работните задачи на вработените. Покрај редовните обуки во рамки на компанијата, на вработените во Винер на располагање им е можноста за надградени обуки во Австрија во рамки на Виена Иншуренс Груп, Групацијата на која Винер припаѓа.
За квалитетот на управувањето со ЧР, говори и податокот дека над 70% од лицата кои првото работно искуство/пракса ја имале во компанијата останале на работа во Винер. Овие лица сочинуваат над 30% од вкупниот број вработени во компанијата. Тоа зборува за капацитетот на компанијата во развојот на човечките ресурси, но и изборот на Винер меѓу младите како најпосакуван работодавач.