Задолжителни документи за пријава на штета по основ на Автомобилска Одговорност, Зелена карта и Гранично осигурување (нематеријална штета)
- Пријава за штета
- Записник од МВР со скица, фотодокументација и задолжително резултати од извршено алкотестирање-дрегер на учесниците во незгодата,
- Целокупната медицинска документација од денот на незгодата
- Трансакциска сметка
Дополнителна документација
- Наоди од вешти лица (доколку ги има)
- Останата документација која може да биде побарана од страна на АД за Осигурување Винер –Виена Иншуренс Груп Скопје
Во случај на пријава на смрт по горенаведените основи, потребно е да се достават и следните документи:
- Извештај од лекар кој ја констатирал смртта,
- Резулати од извршена обдукција (доколку е извршена)
- Извод од матична книга на родени или венчани на покојниот
- Извод од матична книга на умрените
- Изводи од матична книга на родени и венчани на оштетените кои поднесуваат барање (за да се утврди по кој основ побаруваат оштета)
- Трансакциска сметка/жиро сметка
Дополнителна документација
Останата документација која може да биде побарана од страна на АД за Осигурување Винер –Виена Иншуренс Груп Скопје
Доколку побарувањата се поднесуваат преку полномошник, задолжително е да се достави валидно полномошно.