АВТОМОБИЛСКА ОДГОВОРНОСТ

Полисата за автоодговорност е всушност полисата која мора да ја извадите за да го регистрирате Вашето возило за учество во сообраќајот. Со оваа полиса одите на технички преглед и врз основа на неа и на техничкиот преглед добивате печат на сообраќајната кој е потврда дека возилото е регистрирано.

Инаку, со ова осигурување се осигурува одговорноста на сопственикот, односно корисникот на моторното возило за штетите кои ќе ги причини на трети лица со користење на возилото. Со извадена полиса во ВИНЕР - Виена Иншуренс Груп АД Скопје, нашата компанија наместо Вас ќе ги надомести сите материјални и нематеријални штети кои ќе ги нанесете на трети лица, поради сопствена грешка, со што сте заштитени од трошоците за надомест на штетата на оштетениот.

Предмет на осигурувањето од автоодговорност можат да бидат и патниците во возилото со кое управувате, како и стаклата на истото.

МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА И:

TOP