
Ризикот земјотрес е составен дел од пакетите за имотно осигурување: Мини, Оптимум, Заштита, Премиум Плус, Премиум П, Екслузив.
Ризикот земјотрес покрива штети од уништување и конструктивни оштетувања на осигурените предмети. Под конструктивни оштетувања се сметаат оштетувања без кои објектот, уредите, инсталацијата и сл. не можат да се стават во предвидената функција, односно земјотресот со своето разорно дејство предизвикал нарушување на основната фунционалност на предметот на осигурување.
Дел од осигурително покритие е и настанат пожар и експлозија настаната како последица на земјотресот. Исто така опфатени се и индиректни штети на осигурени предмети, поради излевање на течности и гас од инсталацијата оштетена од земјотрес.
Се смета дека настапил земјотрес ако со своето разорно дејство со интензитет од 5 (пет) и повеќе степени според Европската Макросеизмичка Скала (ЕМС) оштетил објект или ствари од домаќинство кои се во сопственост на осигуреникот.
Ризикот земјотрес не покрива штети од пукнатини, молеро-фарбарски и собосликарски работи на градежниот објект, кршење стакла, кражба или вандализам на оштетениот објект, трошоци направени за спасување и расчистување, трошоци за исклучување и вклучување на инсталационите мрежи (електро-дистрибутивна, топлинска, и др мрежа), објекти кои не се изградени согласно стандардите на градба во кои треба да се запазени минимални асеизмички стандарди на безбедност.
Ризикот земјотрес исто така не покрива индиректни штети како последица од земјотресот, кои може да предизвикаат прекин во работењето кај правните лица.
Пример: Осигурувачот нема обврска за надомест на штета доколку по земјотресот дојде до кражба на стварите во оштетениот објект.
Пример: Исто така, осигурувачот нема обврска за надомест на штета доколку од земјотресот не настанале конструктивни оштетувања, односно доколку има оштетувања во форма на пукнатини по зидовите, испукани или паднати плочки и др. нема основ за надомест на штета (молеро-фарбарски и собосликарски работи), но доколку има оштетувања на бетонската плоча столбовите или дојде до рушење на објектот и уништување на стварите во истиот штетата ќе биде надоместена.