Нови филијали на Винер ќе работат и во сабота

by / / настани и новости
работа во сабота

Винер осигурување како компанија е целосно посветена на континуирано обезбедување на супериорна услуга за клиентите, што подразбира и приспособливост на работното време на нивните можности. Од таа причина, уште неколку филијали на Винер го проширија своето работно време и на сабота со цел да бидат уште подостапни за клиентите.

Станува збор за 4 филијали во исто толку градови, кои од март почнуваат да работат согласно следниве работни времиња:

          Битола 6 – од понеделник до петок  08.30 – 16.30, сабота  09.00-14.00
          Велес 2, Ресен и Скопје-Сарај  – од понеделник до петок  08.00 – 16.00, сабота  09.00-14.00

Со тоа, овие филијали се приклучија на Дирекцијата на Винер и филијалите Битола 1, Битола 4, Битола 5, Струмица 1, Тетово 2, Гостивар 4, Кичево, Куманово 1, Куманово 2 и Скопје-Чаир 1 кои исто така, работат во сабота. Точните локации на филијалите и нивните контакти можете да ги најдете на овој линк.

Веќе подолго време го бележиме интересот и на граѓаните, но и на вработените во нашите филијали, осигурителните услуги да бидат на располагање и во привиот ден од викендот, поради динамичната работна недела и праксата токму во овој ден да се завршуваат поголемиот дел од административните обврски. Затоа се надеваме дека на овој начин на граѓаните уште повеќе ќе им ги направиме нашите услуги подостапни, а со тоа ќе им помогнеме послободно да располагаат со своето време.

  • Pin It
TOP