In Memoriam – Проф. д-р Зоран Нарашанов
На ден 25.07.2022 ВИНЕР- Виена Иншуренс Груп АД Скопје го загуби човекот кој со 15 години неуморно водење и беспрекорно лидерство го постави патот на успехот и ја направи компанијата она што е.
Проф. д-р Зоран Нарашанов, непресушниот извор на ведрина и поддршка во секакви моменти, големиот интелект, спремен за нови предизвици, идеи и искуство, несебично инспирирајќи не’ и пренесувајќи ги на нас, беше непроценлив подарок во нашите професионални животи.
Во ВИНЕР нема да биде исто без него.
- Published in настани и новости
ВИНЕР НА НОВА АДРЕСА
Почитувани,
Ве известуваме дека на ден 20.07.2022 година е извршена измена на седиштето на Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје.
Новото седиште каде што е лоцирана Дирекцијата на Друштвото е на адреса:
ул. Железничка бр.41,
1000 Скопје
Физички прием на клиентите и деловните соработници во новото седиште на Друштвото ќе биде од 01.08.2022 година.
Исто така, ве известуваме дека сите останати информации (ЕМБС, даночен број, жиро-сметки, телефон и e-mail адреса) остануваат непроменети. Дирекцијата на Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје, како и досега, останува целосно посветена на обезбедување на брза и ефикасна услуга во однос на сите Ваши потреби и прашања како клиенти и деловни партнери на Друштвото.
Со почит,
Акционерското друштво за осигурување
ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје
- Published in деловни резултати, настани и новости
Известување вo врска со ризикот Земјотрес
Ризикот земјотрес е составен дел од пакетите за имотно осигурување: Мини, Оптимум, Заштита, Премиум Плус, Премиум П, Екслузив.
Ризикот земјотрес покрива штети од уништување и конструктивни оштетувања на осигурените предмети. Под конструктивни оштетувања се сметаат оштетувања без кои објектот, уредите, инсталацијата и сл. не можат да се стават во предвидената функција, односно земјотресот со своето разорно дејство предизвикал нарушување на основната фунционалност на предметот на осигурување.
Дел од осигурително покритие е и настанат пожар и експлозија настаната како последица на земјотресот. Исто така опфатени се и индиректни штети на осигурени предмети, поради излевање на течности и гас од инсталацијата оштетена од земјотрес.
Се смета дека настапил земјотрес ако со своето разорно дејство со интензитет од 5 (пет) и повеќе степени според Европската Макросеизмичка Скала (ЕМС) оштетил објект или ствари од домаќинство кои се во сопственост на осигуреникот.
Ризикот земјотрес не покрива штети од пукнатини, молеро-фарбарски и собосликарски работи на градежниот објект, кршење стакла, кражба или вандализам на оштетениот објект, трошоци направени за спасување и расчистување, трошоци за исклучување и вклучување на инсталационите мрежи (електро-дистрибутивна, топлинска, и др мрежа), објекти кои не се изградени согласно стандардите на градба во кои треба да се запазени минимални асеизмички стандарди на безбедност.
Ризикот земјотрес исто така не покрива индиректни штети како последица од земјотресот, кои може да предизвикаат прекин во работењето кај правните лица.
Пример: Осигурувачот нема обврска за надомест на штета доколку по земјотресот дојде до кражба на стварите во оштетениот објект.
Пример: Исто така, осигурувачот нема обврска за надомест на штета доколку од земјотресот не настанале конструктивни оштетувања, односно доколку има оштетувања во форма на пукнатини по зидовите, испукани или паднати плочки и др. нема основ за надомест на штета (молеро-фарбарски и собосликарски работи), но доколку има оштетувања на бетонската плоча столбовите или дојде до рушење на објектот и уништување на стварите во истиот штетата ќе биде надоместена.
- Published in настани и новости
Global Money Week 2021
Global Money Week (GMW) е годишен настан кој ја промовира финансиската писменост кај младите. Крајна цел на кампањата е да осигура дека сите млади луѓе имаат пристап до високо-квалитетна финансиска едукација, да научат како да носат паметни финансиски одлуки и да ја подобрат својата финансиска благосостојба.
ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје е горд поддржувач на Светската недела на парите. Ве повикуваме на 22 март 2021 г, во 12 часот, во живо да присуствувате на предавањето по повод почетокот на Светската недела на парите на: https://www.youtube.com/watch?v=Jl2O_RRKurU
#TakeCareOfYourMoney #LearnSaveEarn #GlobalMoneyWeek2021 #TukaSumSiguren
- Published in настани и новости
Vienna Insurance Group со директна поддршка во борбата против COVID-19
ИНВЕСТИЦИЈА НА VIENNA INSURANCE GROUP ВО APEIRON BIOLOGICS AG, КОМПАНИЈА ЗА БИОТЕХНОЛОГИЈА, КОЈА ВО МОМЕНТОВ РАБОТИ НА ЛЕК ЗА КОВИД-19
Компанијата Apeiron, специјализирана во пронаоѓање и развој на нови имунотерапии и лекарства за третман на респираторни болести и канцер, поради пандемијата на КОВИД-19, моментално се фокусира и е во напредна фаза на развој на лек (APN01) за борба со коронавирусот. APN01 e рекомбинантен ензим со потенцијал да го блокира инфицирањето на клетките со КОВИД-19 и да ги смири инфламаторните реакции на белите дробови. Со неговата двојна функција, APN01 може да стане првиот лек специфично наменет за третирање на лица заразени со КОВИД-19.
Преку соработката на Vienna Insurance Group со Apeiron Biologic, групацијата ја покажува својата заложба да биде дел од борбата со пандемијата.
„Како осигурители, наша основна задача е да ги штитиме луѓето од ризици. Во моменталната ситуација, здравјето е во фокусот на вниманието, a спречувањето на ширењето на болести е еден од нашите приоритети. Нашата инвестиција во Apeiron е осмислена, долгорочна опција која ни овозможува да го исполниме нашето ветување дека ‘Го штитиме она што е важно’, истовремено имајќи ги предвид и нашите економски цели“, истакна генералниот менаџер на групацијата – Елизабет Штадлер. Преку својата Агенда 2020, групацијата веќе имплементираше мерки насочени кон промоција на здравјето и благосостојбата на луѓето, а подолг период ги засилува активностите во сегментот на здравствено осигурување. Инвестицијата во Apeiron е во согласност со овие насоки и беспрекорно се вклопува во сеопфатната стратегија на групацијата.
Лекот е развиен директно за лекување на ALI / ARDS, кое е водечка причина за смртност кај пациентите заболени од КОВИД-19. Првична цел на истражувањето е да се оцени клиничката ефикасност и безбедноста на APN01 кај пациентите со КОВИД-19, а во претходните фази на клинички испитувања, APN01 се покажа како безбеден и добро поднослив лек од страна на пациентите. Испитувањата ќе се вршат во неколку европски држави, меѓу кои Австрија, Германија, Данска и Обединетото Кралство.
„Доколку резултатите од клиничките тестови се позитивни, голема е веројатноста лекот брзо да биде одобрен за употреба во Европа и да се најде на пазарот. Токму затоа, со задоволство ја поздравуваме Vienna Insurance Group како нов сигурен партнер во нашите напори во борбата против болеста. Многу сме благодарни за нивната поддршка и нивниот придонес во справувањето со пандемијата на коронавирсот“, вели Питер Лулелин-Дејвис, извршен директор на Апејрон Биологикс АГ.
„Во соработка со другите истражувачи, нашата лабораторија го обезбеди првиот in-vivo доказ дека протеинот АСЕ2 е главен рецептоr за SARS-CoV-2, кој, исто така, има моќ да ги заштити белите дробови. Многу сум задоволен од потенцијалната употреба на APN01 при лекувањето на пациенти заразени со КОВИД-19 над кои се вршат клинички тестирања. Инвестицијата од Vienna Insurance Group ќе биде значителна помош во продолжувањето со развојот на овој потенцијален лек, како и во поддршка на нашите напори да се пронајде ефикасен третман во борбата против Ковид-19“, објасни професор Јозеф Пенингер, основач на Apeiron, член на нивниот надзорен одбор и професор на Универзитетот во Британска Колумбија.
- Published in настани и новости
ПРОМЕНА НА РАБОТНО ВРЕМЕ
Почитувани клиенти,
Поради мерката за прогласување на полициски час во периодот 16 – 05 часот, ве информираме дека од среда 08.04.2020, работно време во работните денови ќе биде 08-14 часот (дирекција и филијали).
Ве потсетуваме дека и вон работното време на филијалите можете онлајн да извадите полиса или да пријавите штета.
- Published in настани и новости
ДОПОЛНИТЕЛНИ МЕРКИ И АКТИВНОСТИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ШИРЕЊЕ НА COVID-19
Почитувани,
Ве известуваме дека активно ги следиме настаните и актуелните случувања во земјата и во регионот поврзани со COVID-19 вирусот.
Апелираме за упатување прашања, консултации и дописи до Винер – Виена Иншуренс Груп АД Скопје, да не се доаѓа лично во просториите на компанијата, Тоа може да се оствари преку е-пошта: winner@winner.mk, на телефонскиот број 02/15999, на Вибер: +38978666646, како и преку профилите на компанијата на социјалните мрежи.
Ве информираме дека работното време на архивата е скратено и документи може да се доставуваат во периодот од 10:00 до 13:00 часот и воедно апелираме истите да се доставуваат на електронската пошта winner@winner.mk (или доколку се потребни оригиналите, на адреса Бул. Борис Трајковски бр.62 по пошта).
Потсетуваме дека полиси може да се вадат електронски на https://webshop.winner.mk/, а пријава на штета може да се изврши електронски на веб-страницата https://prijavisteta.winner.mk/, без потреба од доаѓање во просториите на Винер Осигурување.
Како општествено одговорна компанија, преземаме мерки за превентива и заштита на своите вработени, како и обезбедување континуитет во работата за непречено обезбедување на услугите кон нашите корисници.
Со почит,
Винер – Виена Иншуренс Груп АД Скопје
- Published in настани и новости
КОВИД – 19 Известување и препораки
Почитувани клиенти,
Согласно препораките и усвоените мерки за превенција од ширење на корона вирусот, а со цел превенција и заштита на клиентите и вработените, Винер осигурување апелира:
– на што е можно поедноставен, поефикасен и побрз процес при вадење на полиси и пријава на штета
– за што е можно пократко задржување во канцелариите при вадење на полиси и пријава на штета,
– избегнување наблиски контакти и ракување (одржување на препорачаното растојание со вработените и останатите присутни во канцеларијата),
– користење на електронските начини за комуникација и функционирање, и тоа:
- пријава на штета
- полиса за автомобилска одговорност
- полиса за патничко осигурување
- електронска пошта
- веб страницата на компанијата
- социјалните мрежи на компанијата на facebook, instagram и linkedin
Контакт центарот (02/15999) е на располагање за сите ваши потреби поврзани со осигурувањето, како и колегите во нашите канцеларии на телефонските броеви
Винер осигурување се грижи за своите вработени, клиенти и секако за здравјето на сите.
Ви благодариме за разбирањето, вниманието и времето одвоено за ова известување, како и за придржувањето кон препораките и мерките бидејќи здравјето е нешто за кое треба сите да се грижиме.
Со почит,
Друштво за осигурување
Винер – Виена Иншуренс Груп Скопје
- Published in настани и новости
ВОЗБУДЛИВИ ДВЕ НЕДЕЛИ НА ЈУБИЛЕЈНИОТ 10. VIG KIDS CAMP 2019
Околу 500 деца од 23 различни европски земји се вратија дома со импресии од незаборавните две недели учествувајќи во разновидните програми на 10от по ред Детски камп, што Виена Иншуренс Груп традиционално го организира за дечињата на своите вработени. Низ многу спортски активности, забава и игри најмладите стекнаа нови пријатели и се дружеа во четирите кампови лоцирани во Стреберсдорф во Виена, Вагрејн во Салцбург, Сибоден во Каринтија и Марија-Ланковиц во Стирија.
Убавините на Австрија и нејзината култура дечињата ги искусија преку разновидни стимулативни активности кои вклучуваа пешачење по планини и глечери, откривање на солените и сталактитни пештери и посета на пензионерски домови каде тие им ги разубавија деновите на старите лица, но и истовремено се едуцираа за Австриската култура и историја.
На огромна радост, дечињата ги покажаа и своите таленти и интереси на организираното талент шоу на кое победи нашиот Михаил Анакиев од Виница, воодушевувајќи ги сите присутни со својата пијано изведба.
Ова беа незаборавни денови за сите дечиња кои се во исчекување на следното заедничко дружење.
И оваа година децата на вработените на ВИГ, на возраст помеѓу 9 и 13 години, беа поканети да учествуваат со своја фотографија на конкурсот „Фотографија на мирот“, а најкреативните записи беа наградени со покана за учество на Детскиот камп. Истовремено, со своите фотографии дечињата конкурираа и на Alfred Fried Photography Award, за годишната награда „ Детска фотографија на мирот“ во износ од 1000 еур.
- Published in настани и новости
ИНОВАЦИИ ВО ОСИГУРУВАЊЕТО – ПРВО ЦЕЛОСНО ДИГИТАЛНО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ШТЕТИ ВО МАКЕДОНИЈА
Иновативно дигитално решение за клиентите на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД
ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД на почетокот на април го пушти во употреба првото софтверско решение на осигурителниот пазар во државата кое нуди целосно дигитално пријавување на штети. Отсега клиентите на Винер Осигурување имаат можност преку своите компјутери и смартфони да пријават секаков вид на штета, на лесен и едноставен начин и во кое било време, со истовремено единствена можност за увид во статусот на пријавената штета.
Онлајн пријавата на штета се врши преку мобилната апликација Winner Osiguruvanje достапна на Playstore и Appstore како и преку веб платформата prijavisteta.winner.mk. Преку само неколку брзи и лесни чекори, без оглед дали штетата настанала во моментот или претходно, клиентите веднаш добиваат известување дека нивното барање се обработува.
– Во брзо и динамично општество клиентите бараат едноставен, висококвалитетен и ефективен осигурителен процес, од купувањето на полисата, до решавање на штетите. Дигитализираните корисници не сакаат чекање во ред и повеќешалтерски системи, туку нивните барања да бидат реализирани онлајн. Нашата апликација за пријава на штети им го овозможува токму тоа, следејќи го водичот за пријава да ги прикачат соодветните документи и фотографии, да добијат известувања, да го проверат статусот на штетата или пак да добијат соодветна стручна помош и совет во моментот на настанување на штетата или потребата од осигурување преку четот на Винер.
Клиентите се секогаш на врвот на нашите приоритети, па затоа апликацијата е една нова рута за обезбедување на подобра, побрза, поефикасна и посовршена услуга на сите наши клиенти без исклучок – вели М-р Михајлов, член на Управниот одбор на компанијата, носител и креатор на ова решение.
Со дигитализацијата на производите и процесите, ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД на своите клиенти, не само што им обезбеди можност да купат онлајн полиси за Автомобилска одговорност (за регистрација на возилото) и полиси за Патничко осигурување, туку и комплетна онлајн пријава на штета по сите видови на осигурување. Станувајќи пионери во државата во имплементирањето на софтверот за пријава на штети и прифаќајќи го предизвикот, ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД го доби второто место во рамките на Xelerate програмата на Виена Иншуренс Груп која оценувајќи го проектот како успешен и значаен за Македонскиот пазар, одлучи да го финансира истиот.
Винер – Виена Иншуренс Груп АД Скопје продолжува и понатаму со трендот на грижа за своите клиенти, и секако брзата исплата на штети со транспарентен и фер однос кон клиентите, за што говори и бројката за најмалку неисплатени штети. Пуштањето на ова апликативно решение чија цел е зголемување на задоволството на клиентите, особено на оние кои се фокусирани на онлајн комуникацијата ќе доведе и до уште помал број на неисплатени штети.
- Published in настани и новости